Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Таско: „Добре дојде Арена спорт МК, збогум МРТВ“

10 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По 52 години нашиот национален јавен сервис го изгуби кремот на најубавата споредна работа на светот - директните преноси од Светското фудбалско првенство.
  • Легендарниот спортски коментатор Атанас Костовски се сеќава како започнале преносите од Светските првенства па вели:
  • „Сè започна пред 52 години. Тогашната Телевизија Скопје во рамките на ЈРТ започна да ги коментира натпреварите на светските фудбалски првенства на македонски јазик. Од Минхен 1974 до Катар 2022. Некои на лице место, некои во студиото во Скопје. Беше 13 јуни 1974 година, кога заедно со колегата Иван Мировски се јавивме од олимпискиот стадион во Минхен од натпреварот Бразил – Југославија. Се сеќавам и на специјалната пратка од генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Македонија, Симеон Балвански до селекторот на југословенската фудбалска репрезентација Миљан Миљаниќ – 30 одбрани македонски лути пиперки.
  • Ќе биде запаметено дека нашиот јавен сервис е меѓу ретките во светот што не ги пренесуваат натпреварите од Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада. Тоа се случи во времето на најдолговечниот генерален директор на МРТВ, Марјан Цветковски, кој сега се сели во нова удобна фотелја, прв државен човек на проектот „Скопје 2028 – културна престолнина на Европа“, вели Атанас Костовски.
извор

Шкендија Арачиново одбра терен за настапот во Прва фудбалска лига

10 June 2026
  • Share
  • Post
  • Стадионот во Чаир ќе биде привремен дом на фудбалерите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново која преку баражот успеа да влезе во најдоброто фудбалско друштво.
  • Арачиновци кои со децении играа во пониските лиги, конечно направија подвиг и влегоа во прва лига. Нивниот домашен терен со години важи за „неосвоива тврдина“ за гостите кои знаат низ што минуваат кога гостуваат таму, но сега поради тоа што тоа игралиште не ги исполнува условите на ФФМ за натпревари во Прва лига, Шкендија Арачиново ќе игра во Чаир.
  • Тамошниот Шкупи во новата сезона ќе биде второлигаш.
извор

Скопје добива нов и супер модерен објект

9 June 2026
  • Share
  • Post
  • За 11-ти јуни (четврток) од 10 часот е закажано свечено отворање на новиот спортски објект, салата „Расадник“ во општина Кисела Вода која е комплетно и целосно реновирана и реконструирана.

  • Во рамките на свеченото отворање ќе има спортски фестивал, средби со спортски легенди и актуелни шампиони, свечена церемонија како и ревијален натпревар меѓу македонскиот ракометен шампион РК Вардар и РК Вардар ветерани.

  • Реконструираната сала претставува една од најзначајните спортски инвестиции во главниот град во последните години и во иднина ќе биде центар за развој на спортот, рекреацијата и младинските спортски активности. За посетителите е подготвена богата целодневна програма која ќе вклучува спортски демонстрации, дружење со познати македонски спортисти и репрезентативци, како и можност за разгледување на новите капацитети на салата.
  • Во рамките на настанот ќе се реализираат спортски фестивал со презентации на повеќе спортови, средби со спортски легенди и актуелни шампиони, свечена церемонија на отворање, како и ревијален натпревар меѓу актуелниот македонски ракометен шампион РК Вардар и екипата на РК Вардар Ветерани. Посебно внимание е посветено и на најмладите посетители, за кои ќе бидат организирани детски и забавни содржини во специјално подготвена зона.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Скопје добива нов и супер модерен објект

2

Професор по хрватски јазик на Милионер

Балканштина
3

Некој во ЕУ ја блокирал Бугарија да ја побугарчи кирилицата

4

Па вие пак слабејте

Балканштина
5

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

6

Ѕверски напад од Суданец го запали Белфаст

Свет
7

Украина поставила мрежа над 1.000 километри патишта

8

Ако го видите, поздравете го

Македонштина
1

Скопје добива нов и супер модерен објект

2

Почнува Арена Спорт Македонија, ќе пренесува и Светско

Фудбал
3

Ким Кардашијан на Формула 1 како слон во стаклара

Разно
4

Светско првенство ќе се отвори на стадионот на кој во легенди влегоа Пеле и Марадона

Фудбал
5

Легендарната Ацтека е спремна за 3-то Светско првенство!

Фудбал
6

Камавинга од Реал не оди на Светско, слушал предавања на Харвард

Фудбал
7

Само судијка да не полуди

Фудбал
8

Шакира има повеќе Светски првенства од Италија

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бисери на балканскиот маркетинг

Балканштина

Како се отвора безалкохолно пиво?

Балканштина

Историјата на линијата

Балканштина

Па вие пак слабејте

Балканштина

Професор по хрватски јазик на Милионер

Македонштина

Ако го видите, поздравете го

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Трговска имагинација

Скопје како победник во трката меѓу Кенеди и Хрушчов

Приказна за еко-овчарчето и климатскиот волк

Боб Марли: Како се сака жена

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy