Скопје добива нов и супер модерен објект
9 June 2026
-
За 11-ти јуни (четврток) од 10 часот е закажано свечено отворање на новиот спортски објект, салата „Расадник“ во општина Кисела Вода која е комплетно и целосно реновирана и реконструирана.
-
Во рамките на свеченото отворање ќе има спортски фестивал, средби со спортски легенди и актуелни шампиони, свечена церемонија како и ревијален натпревар меѓу македонскиот ракометен шампион РК Вардар и РК Вардар ветерани.
- Реконструираната сала претставува една од најзначајните спортски инвестиции во главниот град во последните години и во иднина ќе биде центар за развој на спортот, рекреацијата и младинските спортски активности. За посетителите е подготвена богата целодневна програма која ќе вклучува спортски демонстрации, дружење со познати македонски спортисти и репрезентативци, како и можност за разгледување на новите капацитети на салата.
- Во рамките на настанот ќе се реализираат спортски фестивал со презентации на повеќе спортови, средби со спортски легенди и актуелни шампиони, свечена церемонија на отворање, како и ревијален натпревар меѓу актуелниот македонски ракометен шампион РК Вардар и екипата на РК Вардар Ветерани. Посебно внимание е посветено и на најмладите посетители, за кои ќе бидат организирани детски и забавни содржини во специјално подготвена зона.