Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Откриен кокаин во колата на руски митрополит

5 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Чешката полиција открила три кесички кокаин во службеното возило на митрополитот Иларион на Руската православна црква. Митрополитот своевремено важеше за најсилен кандидат да го наследи рускиот патријарх Кирил.
  • Колата минатата недела била запрена на автопат близу Прага по анонимна дојава. Митрополитот патувал од Карлови Вари кон Будимпешта, каде што има резиденција.
  • По првичниот претрес, Иларион поминал два дена во полициски притвор, а потоа заминал во Москва.
  • По скандалот со дрогата, РПЦ одлучила да го премести митрополитот на служба во Бразил.
  • Иларион ги отфрла како „неосновани“ извештаите што го поврзуваат со активностите на руските разузнавачки служби. Тврди дека скандалот му е наместен за да оправда санкции против високи свештеници во Руската црква вклучувајќи го и патријархот Кирил.
извор

Американците се оладија за истополови бракови

5 June 2026
  • Share
  • Post
  • По постојано зголемување во две децении, поддршката во САД за истополови бракови почнува да опаѓа, открива нова анкета на Галуп.
  • Околу 65% од возрасните во САД веруваат дека истополовите бракови треба да бидат легални. За споредба, поддршката во 2022 и 2023 година била 71%, покажува истражување спроведено во мај.
  • Меѓу републиканските гласачи, само 37% велат дека истополовите бракови треба да бидат законски, а 35% ги прифаќаат геј и лезбејските врски како „морално прифатливи“.
  • Во 1996 година, анкета на Галуп покажа дека  само 27% од возрасните во САД поддржувале легален брак на партнери од ист пол. Поддршката постојано растеше до пред неколку години, кога достигна врв од околу 70%.
  • Истополовите бракови во САД се признати на национално ниво од пресудата на Врховниот суд во 2015 година. До 2025 година имало повеќе од 800.000 истополови парови во САД
извор

Берзанските индекси растат како пред крахот во 1987

5 June 2026
  • Share
  • Post
  • Силниот скок на индексот S&P 500 за повеќе од 16% во изминатите два месеци предизвика возбуда на Волстрит.
  • Актуелниот оптимизам е еуфоричен поради вештачката интелигенција и успехот на технолошките гиганти како Микрон, но аналитичарите предупредуваат на акумулираните ризици.
  • Меѓу нив се потенцијалното зголемување на каматните стапки, ниската стапка на штедење за граѓаните и опасноста  од долгорочното затворање на Ормускиот теснец.
  • Поради сето тоа, експертите од Морган Стени и Барклис предвидуваат неизбежен пад на пазарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Хрватска уапсена македонска кирилична тројка

2

Млекото нè насекира, месото било бетер

3

Од протестите во Албанија

Балканштина
4

Бугарски црепови мислат дека „Македонско девојче“ е нарачка на УДБА

Балканштина
5

Убав е шопингот во Солун, ама колку знаеме за неговата урбана историја?

Bookbox
6

Вака завршуваат наивните

Балканштина
7

Заврши унгарската авантура за Филип Талески

8

Колку бугарска била Македонија?

Разно
1

Во Хрватска уапсена македонска кирилична тројка

2

Млекото нè насекира, месото било бетер

3

Не е за верување што прави Брисел со Балканот 20 години

Мислења
4

Белиот Џорџ Флојд повторно ја вознемири Британија

Свет
5

Nvidia купи стартап на Македонецот Вања Јосифовски за 400 милиони долари

6

Трамп очајно бара подобар договор со Иран од оној на Обама

Свет
7

Што градат Џаред Кушнер и Иванка Трамп на албанскиот остров?

Балкан
8

ЕУ ќе ѝ ги враќа на Украина мажите на военоспособна возраст

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бугарски црепови мислат дека „Македонско девојче“ е нарачка на УДБА

Балканштина

Вака завршуваат наивните

Балканштина

Од протестите во Албанија

Медиуми

Како да освежиш кликбеит кој веќе не пали

Балканштина

Кога ќе ти се стемни од поклоните

Балканштина

Стара бугарска: Дължим въздуха на Руснаците

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Исповеди на девојките пред камера

10 работи што не ги знаеш за децата, сè додека не добиеш деца

Писма на читатели кои знаат каде тргнале

Крунскиот доказ дека не сме антички

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy