- По постојано зголемување во две децении, поддршката во САД за истополови бракови почнува да опаѓа, открива нова анкета на Галуп.
- Околу 65% од возрасните во САД веруваат дека истополовите бракови треба да бидат легални. За споредба, поддршката во 2022 и 2023 година била 71%, покажува истражување спроведено во мај.
- Меѓу републиканските гласачи, само 37% велат дека истополовите бракови треба да бидат законски, а 35% ги прифаќаат геј и лезбејските врски како „морално прифатливи“.
- Во 1996 година, анкета на Галуп покажа дека само 27% од возрасните во САД поддржувале легален брак на партнери од ист пол. Поддршката постојано растеше до пред неколку години, кога достигна врв од околу 70%.
- Истополовите бракови во САД се признати на национално ниво од пресудата на Врховниот суд во 2015 година. До 2025 година имало повеќе од 800.000 истополови парови во САД
- Чешката полиција открила три кесички кокаин во службеното возило на митрополитот Иларион на Руската православна црква. Митрополитот своевремено важеше за најсилен кандидат да го наследи рускиот патријарх Кирил.
- Колата минатата недела била запрена на автопат близу Прага по анонимна дојава. Митрополитот патувал од Карлови Вари кон Будимпешта, каде што има резиденција.
- По првичниот претрес, Иларион поминал два дена во полициски притвор, а потоа заминал во Москва.
- По скандалот со дрогата, РПЦ одлучила да го премести митрополитот на служба во Бразил.
- Иларион ги отфрла како „неосновани“ извештаите што го поврзуваат со активностите на руските разузнавачки служби. Тврди дека скандалот му е наместен за да оправда санкции против високи свештеници во Руската црква вклучувајќи го и патријархот Кирил.
- Силниот скок на индексот S&P 500 за повеќе од 16% во изминатите два месеци предизвика возбуда на Волстрит.
- Актуелниот оптимизам е еуфоричен поради вештачката интелигенција и успехот на технолошките гиганти како Микрон, но аналитичарите предупредуваат на акумулираните ризици.
- Меѓу нив се потенцијалното зголемување на каматните стапки, ниската стапка на штедење за граѓаните и опасноста од долгорочното затворање на Ормускиот теснец.
- Поради сето тоа, експертите од Морган Стени и Барклис предвидуваат неизбежен пад на пазарот.