Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Европскиот парламент го исфрли Гугл како официјален пребарувач

5 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европските пратеници од вчера како стандарден пребарувач на своите службени компјутери го користат францускиот Qwant, наместо досегашниот Google.
  • Целта на воведувањето европски пребарувач е „да се промовира дигиталниот суверенитет и заштитата на личните податоци на корисниците“.
  • Парламентот на ЕУ, сепак ги задржува како стандард американските браузери Microsoft ​Edge и Mozilla Firefox.
  • Група од 38 пратеници ја повикаа институцијата постепено да го укине софтверот на Microsoft и другата технологија произведена во странство, тврдејќи дека потпирањето на Европа на американски технолошки гиганти станало стратешка ранливост.
извор

Откриен кокаин во колата на руски митрополит

5 June 2026
  • Share
  • Post
  • Чешката полиција открила три кесички кокаин во службеното возило на митрополитот Иларион на Руската православна црква. Митрополитот своевремено важеше за најсилен кандидат да го наследи рускиот патријарх Кирил.
  • Колата минатата недела била запрена на автопат близу Прага по анонимна дојава. Митрополитот патувал од Карлови Вари кон Будимпешта, каде што има резиденција.
  • По првичниот претрес, Иларион поминал два дена во полициски притвор, а потоа заминал во Москва.
  • По скандалот со дрогата, РПЦ одлучила да го премести митрополитот на служба во Бразил.
  • Иларион ги отфрла како „неосновани“ извештаите што го поврзуваат со активностите на руските разузнавачки служби. Тврди дека скандалот му е наместен за да оправда санкции против високи свештеници во Руската црква вклучувајќи го и патријархот Кирил.
извор

Берзанските индекси растат како пред крахот во 1987

5 June 2026
  • Share
  • Post
  • Силниот скок на индексот S&P 500 за повеќе од 16% во изминатите два месеци предизвика возбуда на Волстрит.
  • Актуелниот оптимизам е еуфоричен поради вештачката интелигенција и успехот на технолошките гиганти како Микрон, но аналитичарите предупредуваат на акумулираните ризици.
  • Меѓу нив се потенцијалното зголемување на каматните стапки, ниската стапка на штедење за граѓаните и опасноста  од долгорочното затворање на Ормускиот теснец.
  • Поради сето тоа, експертите од Морган Стени и Барклис предвидуваат неизбежен пад на пазарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Хрватска уапсена македонска кирилична тројка

2

Млекото нè насекира, месото било бетер

3

Од протестите во Албанија

Балканштина
4

Вака завршуваат наивните

Балканштина
5

Бугарски црепови мислат дека „Македонско девојче“ е нарачка на УДБА

Балканштина
6

Убав е шопингот во Солун, ама колку знаеме за неговата урбана историја?

Bookbox
7

Не е за верување што прави Брисел со Балканот 20 години

Мислења
8

Колку бугарска била Македонија?

Разно
1

Во Хрватска уапсена македонска кирилична тројка

2

Млекото нè насекира, месото било бетер

3

Не е за верување што прави Брисел со Балканот 20 години

Мислења
4

Белиот Џорџ Флојд повторно ја вознемири Британија

Свет
5

Nvidia купи стартап на Македонецот Вања Јосифовски за 400 милиони долари

6

Трамп очајно бара подобар договор со Иран од оној на Обама

Свет
7

Што градат Џаред Кушнер и Иванка Трамп на албанскиот остров?

Балкан
8

Примирјето е мртво, САД ја губат војната

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бугарски црепови мислат дека „Македонско девојче“ е нарачка на УДБА

Балканштина

Вака завршуваат наивните

Балканштина

Од протестите во Албанија

Медиуми

Како да освежиш кликбеит кој веќе не пали

Балканштина

Кога ќе ти се стемни од поклоните

Балканштина

Стара бугарска: Дължим въздуха на Руснаците

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Оправдание до директорот

Си биле четири сока од портокал

Во Брисел е јасно кој е за каде

Зошто Дикаприо не треба да добие Оскар за "Повратникот"

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy