Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нема „мали зелени“ во првите објавени документи за НЛО

9 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Администрацијата на Доналд Трамп го објави првиот пакет од декласифицирани досиеја за неидентификувани феномени и летечеки објекти и најави дека ќе продолжи да објавува нови документи на секои неколку недели. Досиејата се достапни на официјалната владина веб-страница.
  • Првиот пакет опфаќа 162 датотеки од ФБИ – случаи за кои немало дефинитивно објаснување за феномените. Притоа се поттикнуваат јавноста и приватниот сектор да ги анализираат и да понудат одговори.
  • Документите содржат фотографии од мисиите Аполо 12 и Аполо 17 на Месечината, транскрипт од астронаути што опишуваат „блескави честички“ што се движат со голема брзина, како и фотографии снимени од Земјата и од авиони. Нема, барем во првиот пакет, никакви фотографии, снимки или транскрипти за вонземјани.
  • Пензионираниот американски полковник Џон Александер, кој лично истражувал феномени на НЛО, вели дека објавените документи не се важни и смета дека целта на нивното објавување е да се пренасочи вниманието од потешките теми, како војната против Иран.
  • „Претпоставувам дека имаат илјадници и илјадници документи, од кои повеќето се исечоци од вести. Се сомневам дека ќе добиеме нешто блиску до одговор. Американците ќе бидат многу повеќе загрижени за цените на бензинот“, изјави Александер.
извор

Во живо: Скромна воена парада во Москва на Денот на победата

9 May 2026
  • Share
  • Post
  • Со значително помала воена парада на Црвениот плоштад во Москва, Русија денеска ја одбележа 81-годишнината од советската победа над Нацистичка Германија во Втората светска војна.
  • Петтата парада откако Русија е во војна со Украина се одржа во време на тридневно примирје, кое го издејствува Доналд Трамп по разговори со Москва и Киев.
  • Поради „тековната оперативна ситуација“, оваа година на Црвениот плоштад не дефилираа воени кадети и борбени возила.
  • Пократок е и списокот на светски лидери и високи функционери во ложата покрај Владимир Путин. Покрај редовниот белоруски претседател Александар Лукашенко, кој досега на пропуштил ниту една парада во Москва откако е на власт, присутни беа само уште малезискиот крал и претседателите на Лаос, на Казахстан и на Узбекистан,
  • Словачкиот премиер Роберт Фицо, се сретна со Путин и положи цвеќе на Споменикот на непознатиот војник, но не ја следеше парадата.
  • Во живо:

извор

Трамп им договори тридневно примирје на Украина и Русија

9 May 2026
  • Share
  • Post
  • Русија и Украина се согласиле со предлогот од Доналд Трамп за тридневен прекин на огнот, до понеделник на полноќ. Киев и Москва во текот на оваа недела објавија сопствени еднострани прекини на огнот и потоа меѓусебно се обвинија дека ги прекршиле.
  • Трамп објави и дека двете земји ќе го искористат примирјето за да разменат по 1.000 воени заробеници и изрази надеж дека примирјето ќе трае и подолго од три дена.
  • „Ова барање го упатив директно јас и многу го ценам договорот од претседателот Владимир Путин и претседателот Володимир Зеленски. Се надевам дека ова е почеток на крајот на една многу долга, смртоносна и тешка војна“, објави Трамп.

  • Главната цел на примирјето е да се избегнат провокации за време на прославата на Денот на победата над фашизмот, која Русија традиционално ја одбележува со голема воена парада на Црвениот плоштад. Парадата годинава ќе биде без тенкови, ракети и тешка воена машинерија.
  • Зеленски објави декрет со кој „се дозволува“ воената парада на Русија и се гарантира дека „украинското оружје нема да биде насочено кон Црвениот плоштад“. Русија предупреди дека на каков било обид на Украина да ја попречи парадата ќе возврати со масовен ракетен напад врз Киев.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Обикновен расизъм

Балканштина
2

Дневна доза „Летнало петлето“

Разно
3

Инстаграм ја исклучи заштитата на приватност на пораките

4

Сите жени на претседателот

Забава
5

Сомнителни зделки со нафта од 2,6 милијарди долари поврзани со Иран

Бизнис
6

Фудбалско- филмска носталгија

Спорт
7

Комити го исмејуваа Фитиљ за ланското славје

Ракомет
8

120 години немаа ни еден трофеј, сега во 1 година на прагот од 3 пехари

1

Инстаграм ја исклучи заштитата на приватност на пораките

2

Сомнителни зделки со нафта од 2,6 милијарди долари поврзани со Иран

Бизнис
3

Авторите на најцрните климатски сценарија признаваат дека претерале

Свет
4

Германски ученици маршираат против регрутацијата

Свет
5

Како Трамп ја направи владата акционер во приватни компании

Бизнис
6

Израел плаќа 730 милиони долари за да си го врати угледот

Свет
7

Откажани 13.000 авионски летови за во мај

8

Доаѓа нова финансиска криза

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Така ќе биде уште долго време

Балканштина

Дедо и неговата внука

Разно

Некогаш стварно зборуваме со ист јазик

Разно

Кадровските критериуми на Јосип Броз Тито

Балканштина

Кога поменот ќе падне на Први мај

Македонштина

Хибрид на скопски начин

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Коста Бургов, вонреден диџеј во Трендоленд

Трендо во бомбите

Предраг Луциќ: Југославија беше нашата ЕУ

Деловно најискрен твит на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy