Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Се отвора „Фино кино“ во Лабораториум

19 March 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Со проекција на филмот „Нов бран“, на 20 март, официјално ќе започне со работа новото филмско катче во центарот на Скопје – „Фино кино“.
  • Идејата на „Фино кино“, проект на приватниот културен центар „Лабораториум“, е создавање на непретенциозно „џепно“ артхаус кино и нова културна платформа со внимателно одбрана програма – иницијатива за која oрганизаторите се надеваат дека ќе се претвори во жива неформална заедница со филмската уметност во својот фокус.
  • Овој прв викенд на репертоарот на „Фино кино“ ќе бидат „Нов бран“ на режисерот Ричард Линклејтер (петок, 20 март, во 19:00 и недела, 22 март, во 20:00), потоа номинираниот за Оскар анимиран филм „Арко“ (сабота, 21 март, во 12:00 и недела, 22 март, во 18:00) и „Млади мајки“ во режија на браќата Дарден (петок, 20 март, во 21:00), добитник на наградата за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал.
извор

„Слики на вкусот“ - повик за млади уметници

31 March 2026
  • Share
  • Post
  • Проектот „Сликите на вкусот“ објавува отворен повик за млади уметници и фотографи на возраст од 18 до 35 години од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. Тој не бара само естетски фотографии од храна, туку визуелни приказни за ритуалите: месење леб, одење на пазар, семејни трпезарии и традиционално производство на вино и ракија. Целта е преку објективот да се документираат односите што се градат околу заедничката трпеза. 
  • Финалните трудови ќе бидат претставени на голема регионална изложба во Скадар, Албанија, во мај 2026, каде што македонските учесници ќе ги изложат своите дела заедно со врсниците од регионот – соопшти Mеѓународниот фестивал на алтернативна фотографија. Локален партнер одговорен за спроведување на проектот во Македонија е Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“.
  • Избраните учесници ќе имаат можност да ги развиваат своите концепти под директно менторство на Сашо Алушевски (Македонија) и Звездан Манчиќ (Србија). Програмата ќе се реализира во април и мај преку хибриден модел на осум работилници, кои вклучуваат работа на терен, индивидуални сесии и онлајн-менторство.
  • Повикот е отворен до 10 април 2026. Заинтересираните може да аплицираат со фотосерија, есеј или со архивски материјали или со проектна идеја/концепт, кој допрва би го развивале. Апликацијата треба да содржи кратка биографија, опис на концептот и до 15 фотографии. Предлозите се испраќаат на photofestgrain@gmail.com.
извор

„Телото што ја помни тишината“ - изложба на Тања Балаќ во МСУ

30 March 2026
  • Share
  • Post
  • Во Музејот на современа уметност во Скопје, на 31.3 (вторник) со почеток во 20 часот, уметницата Тања Балаќ ќе го претстави својот нов проект „Телото што ја памти тишината“ – мултимедијално дело што ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматското искуство.
  • Изложбата е конципирана како просторно и визуелно искуство составено од две целини: инсталација поставена во изложбениот простор и видео проекција во кино салата. Преку внимателно избрани и минималистички изразни средства – светлина, боја и движење – авторката создава амбиент кој поттикнува продлабочена перцепција и внатрешна концентрација кај посетителите.
  • Во центарот на проектот е концептот на телесна меморија, претставена како тивко и често невидливо присуство што ги носи и трансформира искуствата, без нужно да се изрази директно или наративно. Делото отвора простор за суптилни и интимни состојби, овозможувајќи нивно силно, но ненаметливо доживување.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Претседател на македонски клуб уапсен во Турција поради шверц на злато

2

Најспремниот судија во светот

Фудбал
3

Сељачење на висока нога

Балканштина
4

Како воjната во Иран ја сруши либералната фасада на Дубаи

Разно
5

Би ја предале возачката на пет години за 25.000 евра?

Урбан
6

Секој Италијанец во светов, деновиве

Видео
7

Имам 47 години, сингл сум и немам деца. Кој ќе ме чува кога ќе остарам?

8

Пријатната случка на италијански новинар во Босна

Фудбал
1

Слоуџамастан - најновата „држава“ во светот

Bookbox
2

Што значи зборот „дијабетес“?

Bookbox
3

Виновник за летното сметање на времето е аматер инсектолог (а не Бенџамин Френклин)

Bookbox
4

Наставникот што се претставувал како адмирал (дур не го фатиле)

Bookbox
5

Со Стент во срцето

Bookbox
6

Берта Бенц - жената која тајно ја извозела првата долга автомобилска рута

Bookbox
7

Зошто лабораториските мантили се бели?

Bookbox
8

Запознајте ја Снежана Радојичиќ - велосипедски номад

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Балканштина

Сељачење на висока нога

Балканштина

Фудбалерски изјави, босански стил

Балканштина

Српски политички дијалог

Балканштина

Стоп за врсничкото насилство

Балканштина

Српски коментаторски таленти 2

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Знаевме дека нема да се застанат само на ваучери

Смирувачки тонови од генералот

Запомнете го овој убав македонски збор

Зошто ќе не закопаат два метра под земја?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy