Се огласи и Чаби Алонсо по отказот од Реал Мадрид
13 January 2026
- Прославениот шпански фудбалер и тренер Чаби Алонсо за првпат откако синоќа споразумно го раскина договорот со Реал Мадрид и не ја доби поддршката од управата се огласи на друштвените мрежи.
- „Се заврши ова професионално поглавје и не испадна онака како што сите сакавме. Да се тренира Реал Мадрид беше чест и одговорност. Им се заблагодарувам на клубот, на играчите, а пред се на навивачите и на мадридизмот на довербата и поддршката.
- Заминувам со почит, благодарност и гордост што дадов се од себе“.