Манчестер Јунајтед има привремен тренер
13 January 2026
- Откако го отпуштија Рубен Аморим поради катастрофални резултати, луѓето од управата на Манчестер Јунајтед на чело со сир Џим Ратклиф го поставиле некогашниот играч и тренер во екипата Мајкл Карик за в.д. тренер до крајот од сезоната.
- На Карик му се погоди дебито да го има против градскиот ривал Манчестер Сити во сабота на „Олд Трафорд“.
- Атлетик пишува дека во понеделникот Карик дошол во пол позиција пред некогашниот тренер Оле Гунар Солскјер откако и двајцата разговарале со управата.