Кривична истрага за шефот на Федералните резерви на САД
12 January 2026
- Обвинителството во Вашингтон отвори кривична истрага против Џером Пауел, шефот на Федералните резерви на САД, во врска со лажно сведочење за реновирањето на седиштето на Централната банка во вредност од 2,5 милијарди долари.
- Истрагата се поврзува со обидите на претседателот Доналд Трамп да го разреши Пауел, кој упорно ги одбива сугестиите од Белата куќа за намалување на каматните стапки. На оваа позиција Трамп планира да го постави својот долгогодишен економски советник Кевин Хасет.
- „Никој, па ни претседателот на Федералните резерви, не е над законот, но оваа невидена акција треба да се гледа во поширок контекст на заканите и континуираниот притисок. Се работи за тоа дали Федералните резерви ќе можат да ги одредуваат каматните стапки врз основа на докази и економски услови, или монетарната политика ќе биде водена од политички притисок и заплашување“, изјави Пауел.
- Судовите веќе ги отфрлија барањата од Министерството за правда за судски процеси против други политички противници на Трамп – поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми, кој ја водеше истрагата за руското мешање во изборите во 2016 година, и главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, која поднесе тужба за граѓанска измама против Трамп во 2024 година.