Такер Карлсон: Нè чека голема војна
12 January 2026
- Нападот на Венецуела и грабнувањето на Мадуро го сменија статусот на САД од изминативе 120 години: Сега Америка и отворено се смета за империја. Била таа тоа и претходно, само што сега го признава тоа.
- Досегашните воени интервенции по светот беа објаснувани со наративи за човекови права и демократија. Трамп не гледаше потреба од тоа, тој ја нападна Венецуела просто затоа што „е во наш интерес.“
- „Има нешто охрабрувачко и освежувачко во тоа што некој конечно ја кажува вистината за тоа зошто го правиме она што го правиме. Претседателот апсолутно ја кажа вистината, и тоа е добро“, вели Карлсон.
- Напуштањето на републиката и преминувањето во империја е познат животен циклус за цивилизациите и затоа се знае што ќе се случи. Првото нешто е дека моќта ќе биде во извршната, а не во законодавната власт. “Конгресот неизбежно ќе исчезне. Веќе е така“.
- Но откако ќе кажете дека ја грабаме Венецуела затоа што сме вознемирени што продаваат нафта на Кинезите или другите ривали, тешко е да тврдите дека Русија не треба да ја интересира Украина. Тешко е да се прекори Путин што упаднал во Украина.
- „Претседателот објави дека го зголемува буџетот на Пентагон од 1 трилион на 1,5 трилиони. Тоа не е буџет за мировни операции. Тоа е воен буџет, огромен воен буџет. Сите знаци сугерираат дека наскоро ќе имаме голема војна. Голема војна. Наскоро. Се надевам дека нема да се случи, но очигледно се движиме во таа насока кон светска војна. Жал ми е“.