Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Германија бара „Арктички стражар“ на НАТО во Гренланд

12 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Германија планира да воспостави заедничка операција на НАТО на Арктикот во обид да го одврати Доналд Трамп од плановите за присвојување на Гренланд. Мисијата „Арктички стражар“ би била скроена според операцијата на НАТО „Балтички стражар“, која почна минатата година за заштита на инфраструктурата во Балтичко Море.
  • „За иднината на Гренланд исклучиво треба да решаваат Данска и Гренланд. Територијалниот суверенитет и интегритет мора да се почитуваат. Овие принципи на меѓународното право важат за сите - вклучително и за САД. Ние работиме заедно како сојузници на НАТО за да ја зголемиме безбедноста на Арктикот, а не едни против други“, порача германскиот вицеканцелар Ларс Клингбеил.
  • Трамп тврди дека Гренланд има стратегиско значење за безбедноста на САД и се закани дека ќе ја присвои - со воена сила доколку е потребно - контролата врз автономната територија на Данска, членка на НАТО. Трамп предупредува дека Москва или Пекинг ќе го заземат островот ако САД не го сторат тоа.
  • И британскиот премиер Кир Стармер побара разговори со европските сојузници за распоредување воена сила на Гренланд. Плановите, сè уште во рана фаза, би можеле да вклучуваат британски војници, воени бродови и авиони за чување на островот. 
извор

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Иран формира нова дигитална платформа за осигурување „Ормуз сејф“, како ново владино тело за управување со бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток. Платформата ќе се потпира на плаќања со криптовалути.
  • Според планот на Министерството за економија, управувањето со теснецот преку рамка за осигурување би овозможило издавање на разни полиси за поморско осигурување, како и сертификати за финансиска одговорност, наместо да се наплаќа „патарина“. При идеални околности, ова би можело да генерира до 10 милијарди долари приходи за Техеран.
  • Планот ќе почне со осигурување кое покрива инспекција, задржување и конфискација на бродови. Штетата од воени напади нема да биде покриена.
  • „Овој модел би бил прифатлив за другите земји во мирно време, а сепак би му дозволил на Иран да врши контрола врз теснецот“, објави државната новинска агенција Фарс.
извор

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Молдавските лидери ја осудија како „закана“ одлуката на Владимир Путин да го поедностави процесот на давање руско државјанство на жителите на регионот Придњестровие, кој се отцепи од Молдавија пред 36 години.
  • Една половина од жителите на Придњестровие веќе имаат руско државјанство. Декретот на Путин објавен во петокот им овозможува на уште 350.000 луѓе да добијат руски пасоши без да го исполнат условот за постојан престој во Русија. 
  • „Ова е начин повторно да ни се закануваат, бидејќи на Русија не ѝ се допаѓаат нашите акции за реинтеграција. Веројатно им требаат повеќе луѓе за да испратат во војната во Украина“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.
  • Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Озеров, изјави дека потегот е од хуманитарни причини, во согласност со меѓународното право, поради „зголемениот притисок“ од Молдавија врз Русите. Тој ги оцени реакциите како „лицемерие“, бидејќи Молдавија им дозволува на нејзини граѓани да добиваат романски пасоши.
  • Придњестровие се отцепи во 1990 година, кога Молдавија сè уште беше советска република. По двегодишен судир со повеќе од 1.000 жртви, двете страни се во мир, заштитуван од контингент од 1.500 руски војници. Регионот има свои политички институции - парламент, војска, полиција и поштенски систем.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
2

Три минути

Мешано
3

Што пејат бе овие?

Фудбал
4

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
5

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
6

Македонија до Колумбија

Разно
7

Има работа на кој му се седи

Канта
8

Нашата Евровизија

Музика
1

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
2

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
3

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

4

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Свет
5

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

6

Почина легендарниот карикатурист Коракс

7

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
8

„Лудите“ бизнисмени што вложија во Твитер ги дуплираа парите

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога Дејвид Линч прави реклама

Цане Партибрејкерс: Јазик како сабја и мозок како стројница (митралез)

Б а г р а

Коста Петров - Град на порази

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy