Погодете кој ќе копа литиум во Украина?
12 January 2026
- Украина го предава развојот на големото наоѓалиште на литиум Добра во регионот Кировоград на конзорциум во кој инвеститор е и Роналд Лаудер, близок пријател на американскиот претседател Доналд Трамп.
-
Надлежната комисија веќе донела таква одлука која наскоро треба да биде одобрена од Кабинетот на министри.
-
Друг инвеститор таму е енергетската компанија TechMet, која е делумно во сопственост на инвестициска агенција на американската влада формирана за време на првото претседателство на Трамп.
-
Роналд Лаудер е милијардер (4,7 милијарди долари) и голем донатор на Републиканската партија. Со Трамп се пријатели уште од студентски денови. Тој е и наследник на козметичката империја „Ести Лаудер“, основана од неговите родители, Ести и Џозеф Лаудер.
-
Се спомнува и како човекот кој на Трамп му ја има сугерирано идејата за набавка на Гренланд.