Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кривична истрага за шефот на Федералните резерви на САД

12 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Обвинителството во Вашингтон отвори кривична истрага против Џером Пауел, шефот на Федералните резерви на САД, во врска со лажно сведочење за реновирањето на седиштето на Централната банка во вредност од 2,5 милијарди долари.
  • Истрагата се поврзува со обидите на претседателот Доналд Трамп да го разреши Пауел, кој упорно ги одбива сугестиите од Белата куќа за намалување на каматните стапки. На оваа позиција Трамп планира да го постави својот долгогодишен економски советник Кевин Хасет.
  • „Никој, па ни претседателот на Федералните резерви, не е над законот, но оваа невидена акција треба да се гледа во поширок контекст на заканите и континуираниот притисок. Се работи за тоа дали Федералните резерви ќе можат да ги одредуваат каматните стапки врз основа на докази и економски услови, или монетарната политика ќе биде водена од политички притисок и заплашување“, изјави Пауел.

  • Судовите веќе ги отфрлија барањата од Министерството за правда за судски процеси против други политички противници на Трамп – поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми, кој ја водеше истрагата за руското мешање во изборите во 2016 година, и главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, која поднесе тужба за граѓанска измама против Трамп во 2024 година.
извор

Чеченците за Кадиров 99,85%

21 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Рамзан Кадиров, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, е реизбран за петти мандат како лидер на јужниот регион Чеченија, со 99,85% од гласовите, соопшти руската изборна комисија.
  • Имал двајца противкандидати, кои добиле по 0,05% од гласовите.
  • Кадиров го подобри резултатот од 2021 година, кога освои 99,73%.
  • Немаше изненадувања ни на изборите за пратеници за руската Државна Дума, први откако почна војната во Украина. Партијата Обединета Русија на Путин освои рекордни 355 од вкупно 450 мандати, Комунистичката партија освои 40 пратеници, а националистите од ЛДПР 25.
  • Путин го претстави гласањето како „тест за јавната поддршка за специјалната операција“ во Украина, но повеќето политичари кои отворено се спротивставуваа на војната беа спречени да се кандидираат. На либералната партија „Јаблоко“ не ѝ беше дозволено да истакне листа на национално ниво.
  • Русија спроведе избори и на Крим, кој го анектираше во 2014 година, како и во окупираните делови на украинските региони Доњецк, Луханск, Запорожје и Херсон. Украина ги прогласи изборите таму за незаконски. Европската Унија исто така објави дека нема да го признае гласањето на окупираните територии ниту резултатите.
извор

Италија сака да забрани бурки и никаб во училиштата

21 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави планови за забрана на облека што го покрива лицето, како што се бурка и никаб, во училиштата, за ограничување на бројот на странски ученици во паралелки и обврска за родители на странски ученици да го научат италијанскиот јазик.
  • „Италијанските училишта треба да останат места каде што учениците можат да комуницираат, да учествуваат и да се интегрираат во општеството, изјави Мелони пред младинското крило на нејзината партија Браќа на Италија.
  • Франција, Белгија, Данска и Австрија имаат ограничувања за облека што го покрива лицето, а Швајцарија лани воведе национална забрана.
  • Мелони ги претстави мерките како прашање на слобода и еднаквост на жените. Истакна дека ниту една традиција не смее да се користи за да се принуди млада жена да го крие своето лице. Предлогот не се однесува на марамите и хиџабот, кои не го покриваат лицето.
  • Законското ограничување на бројот на странски ученици во иста паралелка е насочено кон интеграцијата. „Ако само мал број ученици имаат тешкотии со зборувањето италијански, наставниците и соучениците можат да им помогнат“, објаснува Мелони. Во училиштата низ Италија денес има 11,6% деца кои не се италијански државјани.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Југославија повторно се обединува

Балканштина
2

Балканско вуду: Проклетија

Балканштина
3

Погодете што сега сака да преименува Трамп

4

На Скопје некогаш толку малку му треба

Разно
5

Да си знаат

Македонштина
6

Мерц одбива да го прифати крајот

Свет
7

Победа за АфД, катастрофа за Мерц на покраинските избори

8

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
1

Погодете што сега сака да преименува Трамп

2

Мерц одбива да го прифати крајот

Свет
3

Победа за АфД, катастрофа за Мерц на покраинските избори

4

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
5

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

6

Чеченците за Кадиров 99,85%

7

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Разно
8

Јапонците престанаа да растат

Занимливости
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Југославија повторно се обединува

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За името: Ханс Лотар Штепан, екс германски амбасадор во РМ

Нутела по улиците на Гази Баба!

Баба Анујка: Колку е тежок вашиот брачен проблем?

Пред да сменат, запамтете што е Северна Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy