- Легендарниот англиски фудбалски тренер Хари Реднап во кариерата најголеми успеси имаше како менаџер на Вест Хем, Портсмут и Тотенхем, а ги водеше уште и Саутемптон, Квинс Парк Ренџерс, Бирмингем и Борнмут. Стана познат како спасител, односно тренер кој доаѓа во екипа која се дави во борба за опстанок и ја спасува.
- Така во неколку наврати ги вадеше од бездна „чеканите“ кои сега се 18 од 20 екипи во Премиер лига со мизерни 14 бода. Сегашниот тренер Нуњо Еспирито Санто е пред отказ после катастрофалната серија од 10 натпревари без победа.
- Вест Хем заостанува 7 бода зад сигурната безбедна зона која значи опстанок во Премиер лига. „Јас би работел за ништо. Би одел каде било ако некој ме повика, би одел и би работел бесплатно. Навистина би сакал, би уживал. Не е до парите. Уживам да одам и да бидам со играчите. Го сакам тоа. Мартин Онил беше (во Селтик на кратко) и тој знае што прави. Тој има искуство, го разбира фудбалот, не се занимава со ракетна наука. Го вадиш најдоброто од играшите, мораш да го извадиш најдоброто. Во Вест Хем кој и да дојде мора да го извади најдоброто од оваа просечна група играчи, да бидам брутален“, рекол Хари Реднап.
- Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја објави официјалната листа на судии кои ќе може да бидат дел од најпрестижните настани во новата 2026 календарска година.
- Македонија на ФИФА-листата фигурира со вкупно 21 судија во сите категории под капата на ФИФА. Само пет од нив се главни, другите се асистенти и футсал-судии.
- Главни судии на мечевите под капата на ФИФА ќе може да бидат Влатко Илијоски, Стојанче Трпчевски, Игор Стојчевски, Ивана Пројковска и Ирена Велевачкоска.
- Најдобриот ракометар на РК Вардар 1961 и најдобар играч во првата полусезона од машката Суперлига, Украинецот Дмитро Хориха ќе игра уште една сезона во црвено-црниот дрес, пишува 24ракомет.мк.
- Хориха беше голема желба на Берлин и Веспрем, но левиот бек кој одигра фантастична прва полусезона и е најзаслужен за феноменалните партии на Вардар 1961, решил да го продолжи договорот со клубот и да остане најмалку уште една сезона.
- Скопскиот состав сезонава се пласираше во главната фаза од Лига Европа, има шанси да стигне и до ТОП8, а во домашното првенство имаат одлична бодовна залиха пред ривалите Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид. Комити се надеваат дека шампионската титула ќе се врати по пауза од три години.
- Со останување на Хориха Вардар обезбедува силен континуитет на една од најважните бековски позиции и го задржува костурот на тимот.