Ете и тоа имало, влага одложи НБА натпревар на Чикаго Булс

Одамна немало вака бизарна причина во НБА лигата да се одлоши во целост натпревар поради влага на паркетот. Дуелот меѓу Чикаго Булс и Мајами Хит во „Јунајтед Центар“, култната сала на „биковите“ не беше одигран синоќа поради целосно лизгав паркет а не успеаа да помогнат ниту чистачите, ниту судиите кои се фатија да им помогнат.

Преполната сала на Чикаго Булс чекала повеќе од два часа натпреварот конечно да почне но на крај им стигнало разочарување: соопштение на разглас од спикерот дека натпреварот е одложен и дека сите влезници ќе важат за првиот следен термин.

Интересно, еден од најдобрите кошаркари на Чикаго Булс, Џош Гиди кој е повреден, допатувал дури од Австралија за да го гледа овој натпревар но на крај бил одложен.

Во соопштението не било објаснето што е точно причина за влагата и мокриот паркет односно која е причината поради која натпреварот е одложен.

Се претпоставува, пишуваат американските медиуми дека појава на влага на паркетот имало врска со делењето на салата со хокеарскиот тим Чикаго Блекхокс од НХЛ лигата кој претходната вечер го победиле Сент Луис Блуз на домашен терен 7:3.

„Се обидовме да пробаме, но играчите од двата тима се пожалија. Службение лица излегоа на паркет и веднаш сфативме дека нема услови за игра“, рекол првиот човек на некогашниот НБА шампион Мајами Хит, Ерик Сполстра.

Играчите и нивното здравје се најважни.

9 јануари 2026 - 09:09