Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Америка излегува од 66 меѓународни организации

8 January 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Доналд Трамп потпиша меморандум со кој се најавува излегување на САД од 66 интернационални организации: 31 ентитет е во рамките на ОН, 35 се надворешни.
  • Сите функционирале спротивно на американските национални интереси, суверенитет и економска моќ а трошеле милијарди долари на даночните обврзници. 
  • Меѓу другите, САД се повлекуваат и од UNFCCC (UN Framework Convention on Climate Change), клучен договор за глобална координација на активностите за справување со климатската криза постигнат пред 34 години кој го имаат потпишано сите држави во светот. Американскиот Сенат го ратификуваше во 1992 година. Трамп е убеден дека климатската криза е превара. 
  • Тој потсети дека ова е продолжување на истата политика по која Америка излезе од Парискиот климатски договор и Светската здравствена организација.
  • Целата листа на организации од кои САД се повлекоа ја имате овде.
извор

Франција го одложила Г7 за да не му го расипе роденденот на Трамп

10 January 2026
  • Share
  • Post
  • Првично закажан за 14 и 15 јуни, самитот на Г7 во Франција е одложен бидејќи американскиот претседател во тој период организира ММА борби за својот 80-ти роденден.
  • Тепачките ќе бидат организирани на 14 јуни во Белата куќа која очекува околу 5.000 гости.
  • Паралелно, се споменува и воена парада со 150 оклопни возила, 50 авиони, тенкови Абрамс и Бредли, со трошоци од 25-50 милиони долари.
  • Поради овие битности, Г7 ќе состанчат од 15 до 17 јуни во местото Евиан, близу границата со Швајцарија.
  • Белата куќа ја поздрави одлуката на францускиот претседател кој „љубезно ги промени датумите за да се прилагоди на распоредот на колегата.“
  • Членките на Групата на седумте се САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија. Нагалено се викаат „лидери на слободниот свет.“

извор

35 години „Сакам да кажам“

10 January 2026
  • Share
  • Post
  • Е па, драги мои, еве поминуваат 35 години откако ја напишав првата колумна „Сакам да кажам“ што излезе во весникот „Вечер“ на 12 јануари 1991. Досега се напишани и објавени 1.825 колумни на отприлика 4.565 страници во А4 формат на новинарски проред, како што стручно се изразувавме ние, постарите од интернетот, пораснати во печатените медиуми.
  • За вечната тема ЕУ сум пишувал речиси во секоја колумна и таа тема ми е најголемата болка и фрустрација. Не можам да се помирам дека целиот мој професионален живот сум го посветил на нешто што сѐ уште не ми се гледа достижно, пишува Горан Михајловски.
  • Ама ајде, роденден ми е, ова е јубилејна колумна за славење, доста зборуваме само за лоши работи. Ајде да зборуваме само за убави работи, ко што ни вика денешниот премиер.

    Е па, ајде:

    „Да одмориме малку. Да уживаме во растот на националниот производ, да се гордееме со успесите на Владата, да се почувствуваме еднаш како лидери на реформите…“.

    Објавено е на 3 февруари 2001. Смешно ли е?

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дечкото кој за грдна пара го донесе Дино Мерлин

Македонштина
2

Трамп ни го врати името!

Разно
3

Данела е на ново место?

Македонштина
4

„Ограничената воена операција“ на Доналд Владимирович Трамп

Мислења
5

Ко-основачите на Гугл фаќаат штрафта од Калифорнија

6

Логика, медиуми, логика

Медиуми
7

Женски, пробајте ова

Балканштина
8

Мора да била тоа некоја нарко-математика

Разно
1

Ко-основачите на Гугл фаќаат штрафта од Калифорнија

2

„Ограничената воена операција“ на Доналд Владимирович Трамп

Мислења
3

Дечкото кој со кола уби постара жена избегал од земјата

4

Онлифанс го победи Холивуд за добивање визи

Шоу биз
5

Џингис Трамп: Мојата моќ може да биде ограничена само од мојот морал

6

Британските универзитети се премногу исламистички за Емиратите

Разно
7

Шеврон товари венецуелска нафта со рекордно темпо

8

Покајание по Пимен

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Њујоршки оглас на денот

Македонштина

Прилеп, чекаш да пукне и првиот куршлус?

Македонштина

Дечкото кој за грдна пара го донесе Дино Мерлин

Медиуми

Логика, медиуми, логика

Македонштина

Данела е на ново место?

Балканштина

Женски, пробајте ова

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

И пак не сте задоволни

Прељубници, холивудска верзија

Како испаднавме понаивни од љубителите на завери?

Значи, цар!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy