35 години „Сакам да кажам“
10 January 2026
- Е па, драги мои, еве поминуваат 35 години откако ја напишав првата колумна „Сакам да кажам“ што излезе во весникот „Вечер“ на 12 јануари 1991. Досега се напишани и објавени 1.825 колумни на отприлика 4.565 страници во А4 формат на новинарски проред, како што стручно се изразувавме ние, постарите од интернетот, пораснати во печатените медиуми.
- За вечната тема ЕУ сум пишувал речиси во секоја колумна и таа тема ми е најголемата болка и фрустрација. Не можам да се помирам дека целиот мој професионален живот сум го посветил на нешто што сѐ уште не ми се гледа достижно, пишува Горан Михајловски.
-
Ама ајде, роденден ми е, ова е јубилејна колумна за славење, доста зборуваме само за лоши работи. Ајде да зборуваме само за убави работи, ко што ни вика денешниот премиер.
Е па, ајде:
„Да одмориме малку. Да уживаме во растот на националниот производ, да се гордееме со успесите на Владата, да се почувствуваме еднаш како лидери на реформите…“.
Објавено е на 3 февруари 2001. Смешно ли е?