- Арсенал одново и одново игра сјајно во текот на една сезона, но речиси секогаш низ годиниве подоцна како да снемува „гориво“ и малку подзастанува.
- „Топџиите“ сега имаат четири триумфи во низа во Премиер лига со кои го потврдија првото место на табелата и имаат +4 бода предност во однос на најголемиот ривал за титулата, Манчестер Сити.
- Арсенал го следи едно „проклетство“ а тоа е дека никогаш во историјата не стана шампион кога на Нова година бил прв на табела.
- „Не сум знаел за тој податок, но очигледно е време таа приказна да заврши. Задоволни сме со нашата позиција, но знаеме дека секогаш може подобро. Се уште имаме пет месеци борба пред нас и многу предизвици“, изјави Микел Артета пред денешното гостување кај Борнмут (18:30) во рамки од 20. коло на Премиер лига.
- На 10 дена пред стартот на Светското првенство, РФМ му го продолжи договорот на Кире Лазаров на уште три години, поточно до 2029-та година. Стариот му беше до следното лето.
- „Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на националниот тим и македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија ќе продолжиме да остваруваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт“, вели претседателот на РФМ, Александар Стефанов.
- Лазаров е предводник на македонската репрезентација од февруари 2021 година. Под негово водство, Македонија го продолжи континуитетот на големи натпреварувања.
- Ракометната федерација на Македонија заедно со Министерството за спорт денес одржаа средба со репрезентативците и селекторот Кире Лазаров.
- Македонија ја чекаат настапи на Европско првенство а таму ќе игра во група со домаќинот Данска, Португалија и Романија. РФМ соопшти дека заедно со Министерството за спорт обезбедиле премија од два милиони денари за секоја победа на Евро 2026 и дополнителни два милиони денари за евентуален пласман во втора фаза.