Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Гасот и нуклеарната енергија се „зелени“

10 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Судот за правда на Европската Унија ја потврди одлуката на Европската комисија од 2022 година да ги прогласи природниот гас и нуклеарната енергија за „зелени“ извори и да овозможи субвенции и други финансиски поволности за инвестиции во овие технологии.
  • „Економските активности во нуклеарната енергија и сектори на фосилни гасови може, со одредени услови, да придонесе значително за прилагодување кон климатските промени“, објави судот на ЕУ во Луксембург.
  • Во објаснувањето се додава дека генерирањето енергија од нуклеарни извори речиси и да не испушта штетни гасови и дека во овој момент економски прифатливите алтернативи, како обновливите извори, не се доволни за да ја задоволат потребата за енергија.
  • Одлуката на Брисел беше обжалена од Австрија, која е најголем противник на нуклеарната енергија во Европа.
  • Шпанија и Данска тврдеа дека гасот не може да се смета за „пријателски за климата“, бидејќи со согорувањето се испушта ЦО2. Полска и Бугарија, од друга страна, се залагаа за повеќе инвестиции во гасот за да можат да го напуштат јагленот како поштетен извор на енергија.
извор

Француски блокадери се судрија со полицијата

10 September 2025
  • Share
  • Post
  • Француската полиција уапси близу 200 лица уште во првиот час од масовните протести „Блокирајте сè“ низ земјата свикани поради гнев кон најавените буџетски кратења, против претседателот Емануел Макрон и против политичката класа воопшто.
  • Демонстрантите блокирале улици и автопати и палеле контејнери за ѓубре. Полицијата употребила солзавец за да ги деблокира приодите кон Нант и Монпелје. Демонстранти со запалени гуми и контејнери блокирале автопати кај Марсеј, Лион, Нант и Монпелје. Маскирани лица блокирале железница во Тулуз, а друга група се обиделе да го блокира Бордо.

🇫🇷❗️Manifestantes en Francia bloquean la autopista León - Saint-Étienne

🔔MINUTO A MINUTO: https://t.co/BBnksvG0L2 pic.twitter.com/LLfXg5jWQv

— Sepa Más (@Sepa_mass) September 10, 2025
  • Министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо објави дека низ Франција се распоредени 80.000 полицајци, вклучувајќи и 6.000 во Париз, за да го спречат поставувањето барикади. 

Bloquons tout - 10 septembre : nouvelle vidéo de violences policières à Paris pic.twitter.com/vjz2bGbjBo

— Les Répliques (@Les_Repliques) September 10, 2025
  • Пред само два дена пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Франсоа Бајру поради неговите планови за намалување на огромниот национален долг. Претседателот Емануел Макрон за нов премиер го назначи својот близок соработник Себастиен Лекорну за петти премиер во помалку од две години, што ги разгневи левичарите и синдикатите.
  • Движењето „Блокирајте сè“ се појави во мај создадено од десничарските групи, но го презеде екстремната левица. Движењето нема централизирано раководство и протестите ги организира преку групи на социјалните мрежи. Го споредуваат со „Жолтите елеци“, кои во 2018 година почна како протест против поскапувањето на горивото, но се преобрази во пошироко движење против Макрон и неговите планови за економска реформа.

Vous pouvez me traiter de facho, je m'en blc , mais c'est pas un mouvement social, c’est juste du chaos total.
putain vous êtes malades ça nous mène nulle part #Onbloquetout pic.twitter.com/63iIdd2CRE

— Յyanն 🇨🇵🇦🇲 (@Yann_Karen) September 10, 2025
извор

Шпанија забранува пушење на тераси и во паркови

10 September 2025
  • Share
  • Post
  • Шпанските власти предложија еден од најрестриктивните закони за забрана на пушење, кој ги опфаќа и јавните места на отворено.
  • Нацрт-законот предложен од Министерството за здравство предвидува забрана на пушење на тераси на барови и ресторани, во универзитетски кампуси и образовни центри, во паркови, игралишта и спортски објекти, во училишни дворови, во јавни базени, работни возила, дискотеки на отворено, обложувалници и на 15 метри од јавни згради.
  • За прв пат, вејповите, капсулите и загреаниот тутун ќе бидат изедначени со цигарите.
  • „Реформата е дел од сеопфатна стратегија што вклучува финансирани третмани за откажување од пушење, регулирање на нови уреди и фискални мерки. Министерката за здравство Моника Гарсија ги поткрепува мерките со научни докази и јавен консензус. Иницијативата е усогласена со европските препораки и има широка јавна поддршка, дури и кај дел од пушачката популација“, соопшти Министерството за здравство.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Трајко, дали стварно?

Македонски рулет
2

Невакцинираните деца се три пати поздрави

Здравје
3

Темниците во „Земјата на сонцето“

Разно
4

Демек сакате природа а после све ви пречи

Македонштина
5

Поголем сељак немате видено

Балканштина
6

Јер кад остариш...

Забава
7

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина
8

Половина од кандидатите за полицајци во Берлин не знаат германски

Свет
1

Невакцинираните деца се три пати поздрави

Здравје
2

Половина од кандидатите за полицајци во Берлин не знаат германски

Свет
3

Не, морињата не растат

Наука
4

Полска собори руски дронови на своја територија

Свет
5

Повеќе муслимански отколку христијански ученици во Виена

Свет
6

Српските Бетмен и Робин

7

Шпанија забранува пушење на тераси и во паркови

8

Американците губат верба во капитализмот

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Некои женски имаат среќа со партнерот

Балканштина

Поголем сељак немате видено

Македонштина

Демек сакате природа а после све ви пречи

Балканштина

И Србија доби датум

Македонштина

Што е ова ако не е права магија

Балканштина

Вака се работи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Млади, ебете се

Време за деконтаминација

Леб и сол за U2 се Пинк Флојд

Тест на личноста од Доктор Хаус

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy