- Шпанските власти предложија еден од најрестриктивните закони за забрана на пушење, кој ги опфаќа и јавните места на отворено.
- Нацрт-законот предложен од Министерството за здравство предвидува забрана на пушење на тераси на барови и ресторани, во универзитетски кампуси и образовни центри, во паркови, игралишта и спортски објекти, во училишни дворови, во јавни базени, работни возила, дискотеки на отворено, обложувалници и на 15 метри од јавни згради.
- За прв пат, вејповите, капсулите и загреаниот тутун ќе бидат изедначени со цигарите.
- „Реформата е дел од сеопфатна стратегија што вклучува финансирани третмани за откажување од пушење, регулирање на нови уреди и фискални мерки. Министерката за здравство Моника Гарсија ги поткрепува мерките со научни докази и јавен консензус. Иницијативата е усогласена со европските препораки и има широка јавна поддршка, дури и кај дел од пушачката популација“, соопшти Министерството за здравство.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.