ЕУ го продолжи престојот на украински бегалци до 2027-ма
15 June 2025
- „Ја продолживме заштитата на милиони бегалци од Украина за уште една година,“ изјави полскиот министер Томаш Семонјак.
- Привремениот специјален статус на украинските бегалци (околу 4 милиони) кој ги ослободува од бирократски процедури и им дава право на образование, здравствена и заштита и работа ќе важи до 4 март 2027 година.
- Некои земји како Полска даваат недвосмислена поддршка за овие луѓе додека други, како Германија, размислуваат да ги ограничат бенефициите.
- Европската комисија порача дека ќе работи на „излезна стратегија“ за да потсети дека привремениот статус сепак е привремен.