Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп праќа војска во воената зона Лос Анџелес

8 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Доналд Трамп потпиша претседателски меморандум со со кој се наредува распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, за да се реши беззаконието за кое ги обвини неспособните демократски лидери на Калифорнија. 
  • Меѓу другото, Трамп забрани носење маски за време на протести. 

  • Министерот за одбрана, Пирт Хегсет порача дека е подготвен да испрати и активни маринци на терен ако на Националната гарда ѝ затреба помош во враќање на редот.
  • Ова се случува откако операциите против илегалните мигранти на неколку локации во градот предизвикаа  масовни протести и судири со мигрантската полиција.  
  • Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, рече дека потегнувањето на војската само ќе доведе до ескалација на немирите.
  • Ова е прв пат американски претседател да го користи ова овластување од немирите во Лос Анџелес во 1992 година, кои избувнаа по ослободувањето на четворица бели полицајци обвинети за претепување на црниот возач Родни Кинг.

 

извор

Украина мава по Москва, Русија напредува во Украина

8 June 2025
  • Share
  • Post
  • Украина извела силен напад со дронови поради што се затворени два битни аеродроми кои го опслужуваат рускиот главен град. 
  • Руската против-воздушна одбрана срушила девет дрона кои се движеле кон Москва а запалена е хемиска фабрика на 30 километри од Кремљ.
  • Во меѓувреме, Русија соопшти дека за првпат во тригодишната инвазија, навлегла во источната украинска област Дњипропетровск што е прва поголема територијална ескалација во последно време. 
  • Дњепропетровск е важен рударски и индустриски центар за Украина, а подлабокото руско напредување во регионот би можело да има сериозен негативен ефект врз војската и економијата на Киев, кои се во криза.
извор

Во глава и грб застрелан колумбиски кандидат за претседател

8 June 2025
  • Share
  • Post
  • Колумбискиот десничарски сенатор и сериозен кандидат за претседателската трка идната година, Мигел Урибе Турбај, беше застрелан додека им се обраќаше на своите приврзаници во квартот Моделија во Богота.
  • Најверојатно бил застрелан в грб и глава и веднаш пренесен во болница во која, како што пиша неговата сопруга, се бори за живот. 
  • Градоначалникот на Богота потврди дека осомничениот атентатор е уапсен а министерот за одбрана, Педро Санчез понуди награда од три милијарди колумбиски пезоси (715.000 долари) за информации кои ќе водат во идентификација на сите вклучени во заверата.

  • 39 годишниот Мигел Урибе Турбај е десничарски ориентиран сенатор и влијателен член на опозициската партија Демократски центар, основана од поранешниот претседател Алваро Урибе (не се во крвно сродство). Тој е внук на поранешниот колумбиски претседател Хулио Сезар Турбај и син на новинарката Дијана Турбај, која беше убиена во 1991 година за време на неуспешна операција за спасување откако беше киднапирана од картелот Меделин на Пабло Ескобар.
  • Десничарските кругови на социјалните медиуми потсетуваат дека пред Урибе, во Еквадор беше убиен десничарскиот кандидат, Фернандо Виљавиченсио, во Бразил, десничарот Болсонаро беше избоден со нож а во САД Трамп преживеа два обида за убиство. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Нигде раат од ЗЗ

Македонштина
2

Наташа (од трето три) ги измами како малолетни

Технологија
3

Оти другине марамчиња ве дујат

Македонштина
4

Србија го слави Петровиќ, одбрани пенал во Тирана

Фудбал
5

Холандија: Нека јадат куршуми

Свет
6

Македонија појака и од ВАР - Алиоски со спектакуларен гол за реми со Белгија

Фудбал
7

Украина мава по Москва, Русија напредува во Украина

8

Чкембарско славје среде „Јане“

Ракомет
1

Холандија: Нека јадат куршуми

Свет
2

Наташа (од трето три) ги измами како малолетни

Технологија
3

Во бекстејџ на британската политика

Мислења
4

Медведев им фаќа сеир на Трамп и Маск

5

Трамп праќа војска во воената зона Лос Анџелес

6

Украина мава по Москва, Русија напредува во Украина

7

Само една земја е способна самата да се нахрани

Свет
8

Во глава и грб застрелан колумбиски кандидат за претседател

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Оти другине марамчиња ве дујат

Македонштина

Нигде раат од ЗЗ

Разно

Џасмин од Австралија ја откри македонската храна

Балканштина

Прогресивкиве ќе нè приближат до талибанците

Македонштина

Видео разгледница од Република Фушерај

Македонштина

Зошто Македонија нема Onlyfans ѕвезди?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Заштедете на струја - купете си книги!

Историјата на битките околу sex.com

Хармониката како психотропна супстанца

Пофалба на обратноста

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy