Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Медведев им фаќа сеир на Трамп и Маск

6 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Јако тролање дојде од рускиот државник Дмитриј Медведев на кавгата на која цел свет фаќа сеир: онаа меѓу довчерашните „браќа и соборци“, Доналд Трамп и Илон Маск.
  • „Подготвени сме да го олесниме склучувањето на мировен договор меѓу Д. и И. за разумна цена и да прифатиме акции на Старлинк како метод на плаќање“, порача тој. 
  • „Не се карајте дечки“, ги советуваше Трамп и Маск заменик претседателор на Советот за безбедност на Руската Федерација. 
  • Друг руски политичар (Дмитриј Новиков, заменик претседател на комитетот за надворешна политика на руската Дума) великодушно му понуди на Маск политички азил, ако му треба. 
извор

Русија возврати на „Пајажина“ со бомби врз Киев

6 June 2025
  • Share
  • Post
  • Русија го бомбардираше Киев со 407 дронови и 45 проектили, како одговор на украинската операција „Пајажина“ во која беа уништени или оштетени неколку десетици руски бомбардери во четири бази далеку од фронтот.
  • Во Киев загинале тројца пожарникари што извлекувале луѓе од станбени згради додека нападот сè уште траел. Ранети биле 20 луѓе во Киев и уште 29 во други градови.
  • За лансирање на проектилите Русија користела два бомбардери ТУ-95 и два ТУ-160, значително помалку во споредба со претходните напади. 
  • Претседателот Владимир Путин во телефонски разговор го известил американскиот Доналд Трамп дека Москва ќе одговори на украинската операција против руските бомбардери, која е оценета како „терористички напад“.
  • „Тие влегоа длабоко во Русија и Путин ми кажа дека немаат избор освен да возвратат... Можеби би било добро Украина и Русија уште малку да се борат отколку итно да преговараат за мир“, изјави Трамп.
извор

Јапонското летало се урна на Месечината

6 June 2025
  • Share
  • Post
  • Јапонското вселенско летало Resilience на Ајспејс се урна на Месечината и ја изгуби контролата со контролната мисија на Земјата.
  • Ова е втора неуспешна мисија на приватна компанија за спуштање летало на Месечината. Ајспејс дека ќе ги анализира грешките и ќе направи трет обид во 2027 година.
  • Resilience требаше да се спушти во регионот на Mare Frigoris (Морето на студот) на страната што е видлива од Земјата. Телеметриските податоци се прекинале 105 секунди пред планираното спуштање. Тоа се толкува дека системите погрешно го процениле растојанието до површината и слетувањето било со преголема брзина.
  • Многу приватни компании настојуваат да спуштат свои летала на Месечината. Во 2019 година пропадна обидот на израелскиот лендер Beresheet. Во 2024 година американската мисија Astrobotic беше прекината веднаш по лансирањето. На Месечината се спушти леталото Odysseus на приватна компанија од Хјустон, но се преврте по една недела. Слично завршија и леталата Athena и Blue Ghost.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Македонија појака и од ВАР - Алиоски со спектакуларен гол за реми со Белгија

Фудбал
2

Мајсторија на Елмас, но ВАР му поништи гол поради офсајд

Фудбал
3

Овациите на цел стадион за Ѓоковиќ

Разно
4

Џасмин од Австралија ја откри македонската храна

Разно
5

Маца се наапал на Визер

Видео
6

Само една земја е способна самата да се нахрани

Свет
7

Всичко живо да ни псува, oт целувките ни бясно да ревнува

Онака
8

Медведев им фаќа сеир на Трамп и Маск

1

Само една земја е способна самата да се нахрани

Свет
2

Медведев им фаќа сеир на Трамп и Маск

3

Русија возврати на „Пајажина“ со бомби врз Киев

4

Викинзите стануваат црни и муслимани

Разно
5

Украина и ЕУ се тепаат околу руските пари

Свет
6

Трамп и Маск ја спукаа за сите пари

Свет
7

Кинези фатени со „агротерористичко“ оружје во САД

8

Во бекстејџ на британската политика

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Нигде раат од ЗЗ

Разно

Џасмин од Австралија ја откри македонската храна

Балканштина

Прогресивкиве ќе нè приближат до талибанците

Македонштина

Видео разгледница од Република Фушерај

Македонштина

Зошто Македонија нема Onlyfans ѕвезди?

Балканштина

Во одбрана на својот рецепт

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од вирусни информации некогаш се повраќа

Емоции, втора лига

Од каде доаѓаат идеите?

Тино Кајшаров за крај на 2015

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy