- Синоќа во близина на Студентскиот град во Белград бил нападнат и тепан Милош Павловиќ, оној студент по медицина кој стана гласноговорник на „студентите кои сакаат да учат“, погрдно наречени „ќаци“ (по еден погрешно напишан транспарент).
- Толпа го начекала кога со пар пријатели излегувал од кафиќ, па фатиле да ги маваат со лименки, шишенца вода, јајца... а потоа ги oпколиле, тепале и шутирале.
- Александар Вучиќ порача дека државата досега трпела и молчела но дека сега ќе реагира и сите кои уествувале во линчот ќе платат со тоа што ќе се соочат со лицето на правдата.
- „Доколку ректорот Владан Ѓокиќ не го осуди насилството и ако продолжи да молчи и после овој брутален напад на студенти кои сакаат да учат, единствен правилен чекор ќе биде негова оставка,“ кажа професорот Јован Петров кој пред некое време и самиот мина низ еден непријатен шпалир студенти - блокадери кои го навредуваа и исвиркуваа.
- Јако тролање дојде од рускиот државник Дмитриј Медведев на кавгата на која цел свет фаќа сеир: онаа меѓу довчерашните „браќа и соборци“, Доналд Трамп и Илон Маск.
- „Подготвени сме да го олесниме склучувањето на мировен договор меѓу Д. и И. за разумна цена и да прифатиме акции на Старлинк како метод на плаќање“, порача тој.
- „Не се карајте дечки“, ги советуваше Трамп и Маск заменик претседателор на Советот за безбедност на Руската Федерација.
- Друг руски политичар (Дмитриј Новиков, заменик претседател на комитетот за надворешна политика на руската Дума) великодушно му понуди на Маск политички азил, ако му треба.
- Русија го бомбардираше Киев со 407 дронови и 45 проектили, како одговор на украинската операција „Пајажина“ во која беа уништени или оштетени неколку десетици руски бомбардери во четири бази далеку од фронтот.
- Во Киев загинале тројца пожарникари што извлекувале луѓе од станбени згради додека нападот сè уште траел. Ранети биле 20 луѓе во Киев и уште 29 во други градови.
- За лансирање на проектилите Русија користела два бомбардери ТУ-95 и два ТУ-160, значително помалку во споредба со претходните напади.
- Претседателот Владимир Путин во телефонски разговор го известил американскиот Доналд Трамп дека Москва ќе одговори на украинската операција против руските бомбардери, која е оценета како „терористички напад“.
- „Тие влегоа длабоко во Русија и Путин ми кажа дека немаат избор освен да возвратат... Можеби би било добро Украина и Русија уште малку да се борат отколку итно да преговараат за мир“, изјави Трамп.