Јапонското летало се урна на Месечината
6 јуни 2025
- Јапонското вселенско летало Resilience на Ајспејс се урна на Месечината и ја изгуби контролата со контролната мисија на Земјата.
- Ова е втора неуспешна мисија на приватна компанија за спуштање летало на Месечината. Ајспејс дека ќе ги анализира грешките и ќе направи трет обид во 2027 година.
- Resilience требаше да се спушти во регионот на Mare Frigoris (Морето на студот) на страната што е видлива од Земјата. Телеметриските податоци се прекинале 105 секунди пред планираното спуштање. Тоа се толкува дека системите погрешно го процениле растојанието до површината и слетувањето било со преголема брзина.
- Многу приватни компании настојуваат да спуштат свои летала на Месечината. Во 2019 година пропадна обидот на израелскиот лендер Beresheet. Во 2024 година американската мисија Astrobotic беше прекината веднаш по лансирањето. На Месечината се спушти леталото Odysseus на приватна компанија од Хјустон, но се преврте по една недела. Слично завршија и леталата Athena и Blue Ghost.