- На 88-годишна возраст денес, 04.11., почина Оливера Николова, македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.
- „Мајка на сите македонски писателки“ – така беше нарекувана и ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век.
- И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки, со кого растеа генерации читатели.
- Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, во 2022 година го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели.
- Како најава на нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни, авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски нудат уникатна прошетка низ нејзината содржина.
- Настанот ќе се одржи оваа сабота – 16-ти ноември, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.
- Ќе бидат посетени познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но исто така ќе се откријат и помалку познати примери од творештвото на Артемушкин кои често ги игнорираме во секојдневниот живот низ Скопје. Регистрација е обврзна, на линкот.
- „Орбитал“ на британската авторка Саманта Харви, е романот којшто ја доби престижната Букерова награда за проза за 2024.
- Станува збор за приказна за шест фиктивни астронaути (мажи и жени) на Меѓуародната вселенска станица кои во текот на едено деноноќие искусуваат 16 изгрејсоцна и 16 зајдисонца. Таа е опишана како „медитација за Земјата, убавината и човечките копнежи“.
- Со само 136 страници, „Орбитал“ е втора најкратка книга која ја добива оваа награда. Таа е за четири страници подолга од „Крај брегот“ на Пепелоп Фицџералд, која доби Букер во 1979.