- Ноемвриската програма на Кинотека на Македонија 2024 година е вистински културен мозаик, збогатен со уникатни филмски искуства и интригантни дискусии.
- На програмата се циклус јапонски и шпански филмови, како и проекции на „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец и класичниот италијански филм „Крадци на велосипеди“ на Виторио Де Сика. Програмата ја збогатува и тематската вечер „Надреализмот не е мртов“, посветена на надреалистичкото филмско наследство.
- Посебната вечер посветена на надреализмот ќе вклучува проекции на антологиски надреалистички филмови и панел-дискусија на оваа тема. Оваа програма има за цел да го врати вниманието кон магијата и визијата на надреализмот, истражувајќи го преку класични дела како оние на Луис Буњуел и Салвадор Дали.
- Како најава на нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни, авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски нудат уникатна прошетка низ нејзината содржина.
- Настанот ќе се одржи оваа сабота – 16-ти ноември, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.
- Ќе бидат посетени познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но исто така ќе се откријат и помалку познати примери од творештвото на Артемушкин кои често ги игнорираме во секојдневниот живот низ Скопје. Регистрација е обврзна, на линкот.
- „Орбитал“ на британската авторка Саманта Харви, е романот којшто ја доби престижната Букерова награда за проза за 2024.
- Станува збор за приказна за шест фиктивни астронaути (мажи и жени) на Меѓуародната вселенска станица кои во текот на едено деноноќие искусуваат 16 изгрејсоцна и 16 зајдисонца. Таа е опишана како „медитација за Земјата, убавината и човечките копнежи“.
- Со само 136 страници, „Орбитал“ е втора најкратка книга која ја добива оваа награда. Таа е за четири страници подолга од „Крај брегот“ на Пепелоп Фицџералд, која доби Букер во 1979.