Скопје има „Јадење книги“, во Битола ги пијат
28 October 2024
- Златко Симовски, поранешен вработен на брод за крстарење е автор на книгата „Дневникот на еден морепловец“, издадена без поддршка од министерства или издавачки куќи, под псевдоним Теодор Кузман. Таа беше промовирана на 24 октомври 2024 г. во бутикот за алкохол „Гермит“ во Битола.
- Локацијата за промовирање е одбрана откако во локалната книжарница одбиле да организираат таму, бидејќи „престанале да продаваат книги од македонски автори“.
- „Книгата Дневникот на еден морепловец се состои со интересни приказни, кршење правила, смешни ситуации, макотрпна работа (од соништата), ‘издувни вентили’, себеспознавање, забави со неизвесен исход, чудни верувања и прехранбени навики, добри дела“, вели авторот и ви наздравува.
Да потсетиме на едно од 11-те изданија на нашиот Фестивал на јадење книги, од 2017, кога победи куферче со разни (демек) наркотични „марифети“, како асоцијација на „Страв и треперење во Л.А.“ (книгата, а и филмот). Значи, јадење, пиење и шмркање книги - комплетирано.