„Ова е фиктивно дело. Имињата, ликовите, местата и настаните се или производ на авторовата фантазија или се употребени како измислени. Секоја сличност со вистински настани или лица, живи или мртви, е целосно случајна.“
Практиката да се става ваков дисклејмер на крајот или на почетокот на филмовите е датирана по 1932. Таа година излегол филмот „Распутин и царицата“, во продукција на MGM. Раскажувајќи ја приказната за „лудиот“ руски монах и неговата врска со кралското семејство, филмот вклучувал и сцена која го покажува неговото убиство.
Според легендата, Распутин бил убиен од членови на семејството Романови заради неговото огромно влијание врз царицата Александра (која особено била приврзана кон дел од неговата личност кој денес се чува во тегла во музеј) - тие најпрвин го отруле со цијанид ставен во вино, а потоа за секој случај пукале во него пет пати.
Во филмот од 1932 убиецот на Распутин, принцот Феликс Јусопов, е заменет со лик под име Чегодиеф, чија жена во друга сцена во истиот филм е силувана од Распутин. Самиот Јусопов, кој тогаш живеел во егзил во Франција, решил да го тужи MGM затоа што според него ликот на Чегодиеф бил очигледно правен според него, а со тоа се имплицира и неговото реално учество во убиството.
Само, Јусопов имал еден проблем којшто веројатно го изумил - тој самиот се фалел дека го убил Распутин во сопствената автобиографија, со прилично јасен наслов, „Загубениот сјај: неверојатниот мемоар на човекот кој го уби Распутин“. Но останал моментот со силувањето на неговата жена во филмот. Во негова корист било и тоа што во филмот се појавува телоп кој вели:
„Неколку од ликовите од пропаднатото царство се сè уште живи - останатите се соочиле со насилство и смрт“
Токму заради оваа референца Јусопов го добил случајот. На жена му ѝ биле исплатени 25,000 фунти од лондонскиот суд, а подоцна скоро 100,000 американски долари отштета од MGM. Дополнително, морале да бидат уништени сите копии од филмот кои ја содржеле сцената со силувањето.
Изгорени од овој случај, MGM а подоцна и сите филмски компании почнале да вметнуваат дисклејмер за фиктивноста на настаните и ликовите, без оглед колку тие се очигледно блиски до вистинските.
Алтернативно решение (само за машки ликови): Правилото на мал пенис