Таг: фикција

Ако 2020 е ТВ сценарио, како би требало да заврши?

Основната премиса на замислената серија би била - што се случува кога врз постоечките светски проблеми ќе се накалеми смртоносен вирус? Содржината, пак, би била толку комплицирана што најверојатно би се откажале од гледање по втората епизода.

Што е вистина а што измислено во „Судењето на 7-мината од Чикаго“?

Нов одличен филм на Аарон Соркин во продукција на Нетфликс го прикажува судењето на осуммина (да, осум) антивоени активисти кои протестирале во текот на Демократската национална конвенција од 1968, што завршило со насилен судир помеѓу нив и полицијата. Судски записници, мемоари и медиумски написи покажуваат што е историски верно а што измислено во филмот.

Колку е реална приказната во „Двајцата папи“?

Иако започнува со „инспириран од вистински настани“, новиот филм за пријателството помеѓу актуелниот папа Франциск и неговиот претходник Бенедикт XVI сепак содржи и фиктивни моменти.

Како еден расказ oбјавен во Њујоркер го разбранува интернет

„Љубител на мачки“ е дебитантски краток расказ на Кристен Рупениан, објавен во Њујоркер од 11 декември. Тој предизвика бурни реакции поврзани со модерните врски и дефинирањето на „согласноста“. Но покажа и дека луѓето (веќе) тешко прават разлика помеѓу документарното и фиктивното.

Aпликација за пишување раскази во форма на текстуални пораки

Најдобрата љубовна проза која ќе ја прочитате оваа година можеби нема да биде поместена помеѓу корици од книга, туку ќе биде составена од - муабети на чет.

Зошто филмовите завршуваат со „ликовите во овој филм се фиктивни“?

Па се разбира дека се фиктивни, затоа што се работи за филм, и за актери кои играат ликови кои се можеби само инспирирани од реални. И на секого ова би требало да му е јасно, и без дополнителни објаснувања. Ама...

Што е спротивно од фикција?

Во македонските писателски и издавачки кругови до скоро важеше поделбата на проза, поезија и драма, а сè друго беше „стручна литература". Но со зголемениот број преводи на теориски дела од англиското говорно подрачје, полека се наметна потреба од ново катче во книжарниците и во нашите глави - категоријата „нефикција". Зошто ова звучи погрешно?

Дали треба да има Оскар за најдобро истражена приказна?

И покрај тоа што на сите им е јасно дека игран филм не е исто што и документарец, огромен број холивудски филмови се критикувани заради нивното „непридржување кон фактите". Дали тоа би можело да се надмине со посебна награда за најквалитетно помирување на историските податоци со фикцијата?

Шест реални случки од 2014 раскажани како фикции

Џабе бираме најдобри книжевни дела за изминатата година, кога таа беше полна со настани кои по својата чудесност ja надминуваат фантазијата. Ова е логиката на Гардијан, кој објави серија текстови во кои познати автори ги замислуваат/измислуваат деталите зад најинтересните случки.

Кога фикцијата ја создава реалноста

До 1930, на местото каде на оваа мапа се наоѓа гратчето Аглое, помеѓу Роско и Рокленд, немало ништо - само правлив пат. Токму затоа што ретко кој минувал по него, тоа станало идеално место за лоцирање на картографска „стапица".

Биографија на човек кој никогаш не постоел

Покрај сите (авто)биографии на славните кои излегоа оваа година (Тачер, Тајсон, Морисеј, Кеш, Черчил), една отскокнува по својот концепт. Затоа што иако по сè изгледа како детален животопис на реален човек, таа е сосема измислена.

Цел роман во 140 карактери

Гардијан покани познати британски автори да напишат цел роман во 140 карактери. Резултатот? Па, иако е тешко да се наречат „романи“, некои се навистина добри, заокружени приказни. Пробајте и сами на #твитерфикција.