The Devil You Know е збирка кавери на антологиски песни, од типот на "Weight" на The Band, "Only Love Can Break Your Heart" на Нил Јанг, или "Comfort" на Ван Морисон. Иако сите звучат супер, малку меланхолично, но едноставно и од срце, фаворит ни е "Sympathy for the Devil" на Ролинг Стоунс.
„Ме поканија на трибјут на Ролинг Стоунс во Карнеги Хол. Помислив на песнава и почнав да ја свирам на акустична гитара. Беше јасно дека тој нејзин аспект никогаш не бил истражуван - сирово, само еден ѓавол со една гитара", објаснува Рики.
Запрашана дали размислувала помеѓу десетте песни на новиот албум да стави и обработка на некоја од Вејтс, таа одговорила дека таква песна била планирана (Looking for the Heart of Saturday Night), но веднаш по снимањето продуцентот нетактично искоментирал: „Храбра си. Јас никогаш на мој албум не би ставил песна од бивша". Тоа ја сецнало Рики, па таа е изоставена во конечниот избор. Баш штета.
Слушнете ја Sympathy for the Devil тука.