И на студено, и на жешко, знаеме да се занесеме под туш, и да размислуваме за смислата на животот додека водата се троши. Британската дизајнерка Елизабет Бушер (Elisabeth Buecher), која изработува инсталации базирани на текстил, има решение за ова - туш кој ве „напаѓа" по одредена минутажа помината под него.
Таа направила завеса за туширање покриена со „боцки", кои се полнат со воздух кога е време за излегување. Таа го нарекува ова „дизајн за болка и за наше добро".
Погоре на сликата е само една варијанта од завесата, која е дел од серија наречена „Мојата завеса за туш е зелен воин". Секоја од нив има свој начин на казнување на оној кој предолго се тушира, а најстрашна ни се виде оваа, која претставува стапица која полека се затвора околу вас и целосно ве заглавува ако се задржите повеќе од 4 минути.
Значи и под туш да се немало раат...