КУЛА НА ПЕСНАТА
Па, моите пријатели заминаа
и косата ми посиве,
ме боли на местата каде некогаш играв,
и луд сум за љубов но не се осмелувам,
само си плаќам кирија секој ден,
во Кулата на песната.
Му реков на Хенк Вилијамс
„Колку ќе стане осамено?"
Хенк Вилијамс уште ми нема одговорено
но можам да го слушнам како кашла цела ноќ
сто спрата над мене
во Кулата на песната.
Се родив ваков, немав избор
се родив со дарба на златен глас,
и дваесет и седум ангели од Небесата
ме врзаа за оваа маса,
во Кулата на песната.
Слободно боди ги тие иглички во вуду куклата -
извини мила, ама ич не личи на мене
Стојам крај прозорецот каде пробива силна светлина
Ах, тие не дозволуваат да те убие жена,
не тука, во Кулата на песната.
Може ќе речеш сум станал циник,
но можеш да бидеш сигурна:
Богатите си добија канали
во спалните на сиромаштијата
И кај и да е ќе се случи Страшниот суд,
но може и грешам.
Гледаш, ги слушам овие чудни гласови
во Кулата на песната.
Те гледам како стоиш на другата страна,
не знам како реката стана толку широка
Те сакав мила, некогаш.
И сите мостови кои можевме да ги минеме горат
но се чувствувам толку блиску до сè што загубивме,
барем нема да мора да го губиме повторно истото.
Сега ти посакувам збогум, не знам кога ќе се вратам
Утре нè селат во кулата крај шините подолу,
но секако ќе слушаш за мене уште долго откако ќе ме нема.
Ќе ти зборувам слатко, од прозорецот, во Кулата на песната.