Музика за утринско будење

Ромски фанфари

Американците ги претставуваат како „балкански лимен оркестар кои свират со такво темпо што Рамоунси би се испотиле покрај нив". Споредбава сигурно не би ни паднала на памет, ама не е претерана.

Фанфаре Чокарлија (нешто како „Лимен оркестар чучулига") е група од дванаесет дувачки инструменти од некое североисточно романско село, која до 1996 свирела по свадби и крштевки, кога германскиот продуцент Херни Ернст ги убедил да формираат асли бенд. Од тогаш имаат настапувано на стотина концерти во повеќе од 50 земји.

Свират народно и многу забавно. Нивна музика е употребена во „Со глава в ѕид" на Фатих Акин и на одјавната шпица на „Борат". Во моментов се при крај на турнејата која започна во јануари во Њујорк, а ќе заврши денес во Стокхолм. Некаде по пат имаа и свирка во рамки на Tiny Desk Concert (серија концерти снимени во просториите на NPR).

Бест оф:

„Ибраим" со Есма Реџепова


Ma maren ma со Шабан Бајрамовиќ

 

Преработка на Born to be Wild (од Easy Rider)


Џејмс Бонд

10 февруари 2014 - 08:29