
Добар чичко инженер
проектирај солитер
а пред него зелен дел,
да служи за наша цел
за играње броеница,
за играње криеница,
за безбедна трчаница
за топка и брканица.
Инженеру, чико млад,
украси го мојот град:
проектирај дрвца млади,
има кај нас кој да сади
и неколку клупи прости,
за нашите мудри гости,
дедовци со срца врели,
бабички со коси бели.
Проектанту чичко млад,
прекрасен е мојот град,
но му треба воздух чист,
расад млад и зелен лист,
затоа те молам пак
цртај проект со мал парк.
Косара Гочкова