
Арсенот е природен елемент кој се наоѓа во кората на Земјата, но во својата неорганска форма може да биде многу опасен за конзумирање. Труењето со арсен може да резултира со рак, кардиоваскуларни болести или намалување на когнитивните способности.
Па и покрај ова, во 1890-тите, доктор Џејмс П. Кембел почнал да продава „вафери“ (тенки таблети) за добар тен, за кои гарантирал дека биле „апсолутно безбедни за сите“ (а така пишувало и на пакувањето). По него следеле и повеќе други „имитатори“.
Жените, особено оние со несовршена кожа, масовно ги конзумирале таблетите, надевајќи се дека ќе постигнат идеален изглед, без бемки, црнки, 'вулгарно црвенило' или жолтило на кожата. Не знаеле дека арсенот во нив всушност бавно ги убива. И не само тоа, туку што се однесува до кожата, хиперпигментацијата со текот на времето се влошувала, а можело да дојде и да нејзино пукање на рацете и на нозете.
Арсенот не е единствената супстанца која и покрај своите нуспојави била користена во козметиката низ историјата. Втора таква е оловото, промовирано во шминките на раните Еѓипјанки, кои го користеле како пигмент во своето „моливче“ за очи.
Козметичките третмани од историјата се прилично застрашувачки, па и денес, иако не се очекува да најдеме радиум или арсен во лосионот за лице или во шампонот, сепак е можно да се наиде на состојки кои се ризични во средствата за хигиена (види: Си ги чистиме забите со токсини и тешки метали).