„Осумнаесторицата" од комисијата за доделување на Нобеловата за литература, во чиј состав се истакнати шведски книжевници, лингвисти, историчари и правници, оваа година му ја доделија наградата на еден од најпознатите, најчесто забранувани и масовно пиратирани кинески писатели.
Гуан Моје, како што му е вистинското име, е автор на кратки раскази, есеи и романи, кои содржат силна социјална критика на кинеското општество. Уметничкото име го зел за да го потсетува да си ја држи устата затворена ако се најде во директен судир со неистомислениците, но и како маска за неговиот вистински идентитет, со оглед на тоа што почнал да пишува додека служел во војска. Иако Синѓан ја доби Нобеловата пред 12 години, со оглед на тоа што тој е емигрант во Франција и има француско државјанство, Јан излегува дека е првиот асли Кинез кој ја има добиено престижната наградата за литература, и според националноста и според јазикот на кој пишува.
Најпозната му е новелата „Црвениот Соргхум" од 1987., приказна за насилствата на кои биле изложени селата во источна Кина, каде тој пораснал, во текот на 1920-тите. Според оваа книга е направен филм од познатиот кинески режисер Занг Јиму.
Во последниот роман „Жаба" од 2009., кој се смета за најпровокативна негова книга до сега, тој ја опишува кинеската политика на „едно дете", и локалните службеници кои сурово ја применуваат, форсирајќи абортуси и стерилизации. Главниот лик е жена која најпрвин ентузијастички ја поддржува ваквата политика, но подоцна жестоко се кае, откако во пијанство е нападната од илјадници жаби чие крекање е всушност плачот на бебињата кои биле абортирани заради нејзина интервенција.
По дознавањето на вестта дека е добитник на Нобеловата Мо изјавил дека „прерадосен и уплашен". Има и зошто - наградата е 1,2 милиони долари.