Таг: нобел

Ништо од Нобел за литература оваа година

Тажна вест за сите оние кои мислеа дека можеби токму оваа е годината кога ќе го впишат Нобелот во своето книжевно си-ви. Повеќе среќа следната.

Пати Смит за тоа како е да се биде (само) човек

На свеченоста по повод доделувањето на Нобеловите настапи и Пати Смит, која имаше проблем да ја допее песната на Дилан, за момчето со сини очи и тешките дождови кои допрва ќе паѓаат. Во текстот објавен во Њујоркер таа објаснува што му претходело на овој настан и со какви чувства се качила на сцената. Есејот е одличен поглед во умот и срцето на оние од кои очекуваме просто да се качат на сцена и да нè забавуваат.

Нобеловиот говор на Дилан (и зад’ткувањето на Пати Смит)

Вака-така Дилан сепак одлучи да му се обрати на Нобеловиот комитет, извинувајќи му се што не може да биде на свеченоста на доделувањето „главом и брадом“. А баш сакавме да го видиме со тоа орденот на гради, како одликуван генерал на поетско-музичарската војска.

Кога Дарио Фо доби „незаслужен“ Нобел

Вчера, 13.10, додека очите на сите беа свртени кон Стокхолм и кон овогодишниот добитник на Нобеловата, на 90 години почина писател и актер кој истата ја доби во 1997. И тогаш, како и сега за Дилан, многумина рекоа дека тој не ја заслужува. Во неговиот случај затоа што бил - сатиричар.

Зошто Дилан ја заслужува Нобеловата?

На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.

(Донт) Кил Кисинџер

Хилари Клинтон е почастена што има поддршка од некогашниот државен секретар Хенри Кисинџер. Берни Сандерс  е горд што Кисинџер НЕ му е пријател. Тоа е таа разлика меѓу нив двајца.

Најпознатата книга на добитникот на Нобел за економија

Ангус Дитон, кому вчера (вторник) му беше доделена Нобеловата за неговите долгогодишни истражувања на потеклото на нееднаквоста, има две хобија: опера и риболов. 

Уметниците кои сликаат за Нобел

Повеќето од Нобеловите награди беа доделени минатата недела, а последната, за економија, ќе биде сопштена денес (понеделник). За голем број добитници ова е кулминација на нивното животно дело. Но за мала група уметници, соопштенијата на наградите значат почеток на неколкунеделна напорна работа.

Има ли непишани правила за добивање Нобел?

Нобеловите се како Оскарите - за двете награди постојат непишани правила кој и зошто би можел да ги добие. Често обидот тие да се дефинираат се на граница на магиски пророштва, но човечки е да се трудиш.

Бомбастичен мемоар во врска со Нобеловата за мир

Овој петок ќе биде објавен годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир. Меѓу другите имиња се споменуваат оние на Ангела Меркел, папата Франциско и рускиот весник Новаја Газета. Но неодамна излезе книга која фрла сенка врз релевантноста на наградата, којa додуша и до сега на повеќе пати беше доведувана во прашање. Валкани детали за неа открива поранешниот секретар на Нобеловиот комитет.

Нобеловецот „Не Зборувај"

57-годишниот Мо Јан, чие име во превод значи „ќути, трај" е 109-тиот добитник на Нобеловата за литература. Последен Кинез кој ја доби беше Гао Синѓан во 2000.