Изразот „букворм“ (книшки црв) кај нас се преведува со молец, иако разликата и не е толку голема - суштество кое е привлечено од хранливоста на хартијата, односно на физичкиот примерок од книга. Ова е веројатно единствениот израз во кој тие се ставени во позитивна конотација - молците обично уништуваат облека, а црвите овошките и дрвениот мебел. Како дошло до ваквата ласкава книжевна асоцијација?
Првиот регистриран пример на „букворм“ датира од 1500-тите, и тогаш зборот бил дефинитивно навредлив. „Книжевен црв“ се однесувало на сомнителен тип човек, склон кон мрзеливост, генерално некорисен член на општеството. Дури, или особено во контекст на ентузијастичното читање, книшкиот молец бил некој кому му недостасувал истенчен вкус. Тој (или таа) читале сè до што можеле да стигнат, и тоа не само книги туку и натписи на продавници, стари весници и што и да е што содржело печатени зборови. Така, изразот означувал генерален „н'рд“ во време кога писменоста била ретка, а исто толку ретки биле и печатените материјали.
Ваквото значење преживеало до 20-тиот век. „Денес книшките молци се од неколку типови“, пишувал коментатор во колумна од 1907 на весникот Балтимор Сан. „Дамата молец ќе ја познаете по лик. Таа има љубопитен нос и агилно око, во рацете обично има зграпчено книга, а нејзиниот ум се врти околу читањето, не околу мажите. Машкиот молец па дење-ноќе се теши само со книги, а физички се познава по испоснетата и исцрпена става“.
Интересно, но „книшки црв“ (или молец) е навредлив термин кој е постар од буквалните инсекти кои сакаат да се гнездат во стара хартија. Оксфордскиот речник на англискиот јазик ги дефинира како такви дури во 17 век, означувајќи ги како суштества кои се хранат со хартија и лепак.