Во 1909-тата во Виена излегла „Толкување на соништата“ на Сигмунд Фројд, револуционерна студија за функционирањето на несвесните делови од нашиот ум, кои ни соопштуваат вистини во облик на соништа - такви кои можат да шокираат, вознемират или да нè поттикнат, но кои потоа или намерно се забораваат или се игнорираат.
Петнаесет години подоцна и околу седумстотини километри на запад од Виена, преку границата во Швајцарија, друга пионерска фигура на раната психоанализа, доктор Јунг, знаел дека голем број негови пациенти страдаат од симптоми кои се резултат на конфликт помеѓу нивната потсвест и она што нивните свесни умови можат да го поднесат. Слично како и Фројд, и тој верувал дека исцелувањето и развојот подразбираат распетлување на нашите ментални и емотивни јазли и целосно соочување со нашите комплицирани но реални идентитети.
Но додека Фројд се фокусирал на интерпретирање на ноќните сновиденија на своите пациенти и слушање додека тие „везат“ лежејќи на терапевтскиот кауч, Јунг сметал дека ова е во голема мерка губење време. Заедно со својот колега Франц Риклин тој го развил она што сметал дека е померодавна техника, под името Тест на асоцијативни зборови.
За негово одвивање е потребно докторот и пациентот да седат еден наспроти друг. Докторот чита список од 100 зборови. При секое читање на соодветниот збор, пациентот треба да го каже првото нешто кое му паѓа на памет. Притоа, не треба воопшто да размислува ниту пак да го одолговлекува одговорот.
Јунг и неговиот колега набргу сфатиле дека создале екстремно едноставен но многу ефикасен метод за откривање на потсвесните мисли на пациентите. Токму поради брзината на одговарање, без никакви сугестии, тие си дозволувале да им слизнат мисли и изјави за кои и самите не биле свесни дека откриваат многу за нивната состојба.
Јунг особено се интересирал за тоа колку долго пациентот паузира откако ќе слушне одреден збор. На некои зборови јазикот едноставно му се врзувал или пак одеднаш станувал нервозен и велел дека тестот е глупав или дека мора да оди до ВЦ.
Јунг и Рилкин го објавиле своето истражување во книга под име „Дијагностички асоцијативни студии“. Напишана во научен жаргон, таа се состои од поголем број дијаграми за тоа колку долго им требало да луѓето да одговорат согласно нивната возраст, класна припадност, род и професија. Денес можеби ова само по себе не кажува многу, но тестот е пред сè интересен поради она што го сугерира во поширока смисла - дека поттикот да се отвориме на поинтимен начин понекогаш е многу едноставен, само е потребно да сме подготвени малку да си „поиграме“.
Ако сте, еве дел од зборовите кои може да ви ги кажува и некој близок, или да се снимите како ги изговарате па да видите на кој запнувате.
1. глава
2. зелено
3. вода
3. пее
5. мртов
6. долго
7. брод
8. да се плати
9. прозорец
10. пријателски
11. готви
12. прашува
13. студено
14. стебло
15. игра
16. село
17. езеро
18. болен
19. гордост
20. готвење
21. мастило
22. луто
23. игла
24. пливање
25. патување
26. сино
27. сијалица
28. грев
29. леб
30. богат
....
Сите 100 зборови тука