- Ниту еден предлог за воведување нов збор наводно не пристигнал до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ една и пол година од промоцијата на дигиталниот Толковен речник, и покрај тоа што на страницата постои можност граѓаните да даваат свои предлози за зборови кои не можат да ги најдат во речникот.
- „Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје не доби нови предлози“, одговориле од Институтот на прашањето на Радио МОФ. Сепак, интересно е што токму истата редакција до сега има предложено неколку нови зборови, како на пример „подкаст“, кој во моментов не постои во речникот.
- Веб-платформата беше промовирана на 5 мај минатата година, симболично по повод Денот на македонски јазик и во рамки на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески. Раководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“, Снежана Велковска тогаш порача дека со неговото дигитално издание корпусот на лексеми, односно на нови зборови, добива можност да се развива и унапредува преку постојана грижа за македонскиот јазик и неговото претставување пред светската лингвистика.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.