- Текстот е реакција на Кинотеката на напис на Румена Бужаровска под наслов „За жените и наградите“, во кој се проблематизира извадок од најава за Неделата на полски филм одржана во оваа, според авторката „симпатична, но застарена институција“. Спорниот момент е тоа што авторот на најавата (маж), за три од авторките во репрезентативната селекција вели дека се такви што „воопшто не им е потребна некоја политика на родова еднаквост, бидејќи квалитетот на нивните дела говори повеќе од сите стратегии“. Заклучокот на Бужаровска е дека со овој „ужасен текст“ Кинотеката имплицира дека „жените, замислете, понекогаш можат да бидат еднакво добри како мажите, нормата за квалитет“.
- Реакцијата на Кинотеката е насловена со „За жените и наградите (Кинотека е женски род и горди сме на тоа)“, а во неа се негира нејзината наводна шовинистичка политика, наведувајќи конкретни бројки и имиња на жени кои го добиле признанието „Златен објектив“, востановено и доделувано од самата институција, на жени чии филмови биле прикажувани и промовирани во рамки на нејзината програма, како и подеднаквиот сооднос (4 жени: 4 мажи) на досегашните раководител(к)и.
- „Затоа пишуваме отворено – ние и нашите колеги/шки се чувствуваме навредено и дискриминирано и ’длабоко и суштествено вознемирени’ што нашата институција е обвинета за шовинизам. Бидејќи, Кинотека сме сите ние што работиме тука! Ако е Кинотека шовинистичка и има шовинистичка програма, стратегија, определба, тогаш и сите ние 40 вработени, од кои половината се жени – сме шовинисти!?“, се вели во реакцијата.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.