Луѓето низ целиот свет користат слики на лубеници за да поддржат прекин на огнот во Газа. Овошката се јавува на протестни знаци, на графити и во онлајн постови. Како дошло до тоа карпузот да стане симбол на палестинската кауза?
По арапско-израелската војна од 1967, јавните истакнувања на палестинското знаме во Израел станало незаконско. Забраната е укината во 1993 со Договорот од Осло, но без оглед на тоа, новиот министер за национална безбедност на Израел минатата година наредил отстранување на палестински знамиња од јавни простори.
Палестинскиот уметник Сламан Манцур го поврзува симболот на лубеницата како замена за знамето со еден настан од 1980-тите, кога израелски претставници на власта се обиделе да му ја затворат галеријата. Тие му конфискувале дела кои ја претставувале борбата на Палестинците и му препорачале, нему и на сите други палестински уметници, да сликаат „убави цвеќиња и голи фигури“ наместо да се бават со ангажирана уметност.
Еден од нив, израелски офицер, тогаш дал две забрани - дека во галеријата не смеат да се организираат изложби без дозвола од властите и дека уметниците во своите дела нема да користат црвена, зелена, црна и бела, боите на палестинското знаме. Кога бил прашан дали тоа се однесува и на цвеќиња во таа боја, одговорот бил: и да е лубеница, тие ја конфискуваат.
Ова дополнително го инспирирало отпорот, па Манцур, кој во меѓувреме бил апсен иако неговите дела не содржеле никакви политички пораки (цртал пејзажи со маслинки и сцени на селани кои работата на поле) почнал да црта токму лубеници. Тоа ги инспирирало и неговите колеги, но и голем број Палестинци во дијаспората и поддржувачи низ светот кои на овој начин, преку лубеницата, се борат против цензурата на социјалните мрежи. Таа, црвено-бела-зелена, е нивен скромен чин на отпор.