Првиот човек кој успеал да фотографира снежни кристали се викал Вилсон Алвин Бентли. Неговата дигитализирана збирка, која се состои од слајдови на стакло направени на почетокот на 20. век, со нешто што тој го нарекол „фотомикроскопска камера", се наоѓа во Музејот на науката во Бафало. Таа служи како инспирација, имајќи предвид како еден самоук фотограф, во време на ограничени технолошки можности, успеал да го регистрира прекрасниот природен дизајн на нешто толку минливо и ранливо какво што е една снегулка, при што според сопствените зборови никогаш не добил две исти слики.
Тој бил толку опседнат со оваа работа, што на неговиот гроб наместо името и презимето му пишува „Снегулката Бентли".
Еден од оние поттикнати од делото на Бентли е и Даглас Левер, кој живее токму во Бафало, Њујорк. Сега технички многу поопремен, тој за фотографирање на снегулките сепак користи нешто многу слично како и Бентли - микроскопски леќи кои ги прикачува на дигиталната камера. Една снегулка фотографира и по петнаесет пати, за на крај да комбинира колку што е можно повеќе слики во еден остар „портрет".
Некои од нив се геометриски прецизни, други се по „разлеани", како течни цветови, а повеќето нам ни личат на ситно плетени миленца. Можеби после ова наместо да фрлате дрвја и камења (и топки снег) по вработените во службите за расчистување, во нив ќе почнете да гледате скриени љубители на уметноста.
За збирката на Бентли тука
Официјалната страница на Даглас Левер тука