Корејскиот културен бран ги зафати и канцелариите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик, кој додаде повеќе од 20 нови зборови од корејско потекло во своето најново издание. Тие се одраз на глобалната популарност на музиката, храната и современата култура на Јужна Кореа, иако има и такви чии корени во овој јазик се помалку очигледни.
Особено е популарен префиксот „К“, како во К-поп, К-драми или К-козметички производи. Првиот термин беше додаден во спомнатиот речник уште во 2016.
Новите зборови го вклучуваат хаjу (hallyu) - оригиналниот корејски збор за бранот поп култура кој ги направи бендовите како BTS светски феномени, како и „Сквид гејм“, серијата која стана Нетфликс сензација на 2021. Зборот се користи и како придавка, како „хаjу обожавател“, „хаjу ѕвезда“ итн.
Други вклучени термини се bulgogi - тенки парчиња телешко или свинско, и chimaek - пржена кокошка во корејски стил и пиво.
Традиционалната култура е претставена со hanbok (ханбок) - формална облека која ја носат и мажите и жените, и Hangul (хангул) - корејското писмо создадено од кралот Сеџонг во 1443.
Aegyo (eгјо) е вид шарм кој се смета за карактеристичен за Корејците, сличен на јапонското „каваи“. „Мукбанг“, пак, се преноси во живо на луѓе кои јадат енормни количества храна додека се обраќаат на публика онлајн.
„Сукиншип“ е всушност англицизам - skinship или „кожателство“, што го отсликува блискиот физички контакт помеѓу родители и деца, љубовници и пријатели.
Оксфордскиот речник изјавил дека вклучувањето на толку голем број корејски зборови е признавање на пресвртница во користењето на јазикот, што излегува од рамките на англиските говорни подрачја.