Овој ефект има повеќе имиња - „Вертиго ефект", ретрограден зум, смеш зум, тромбонска снимка, контра зум итн. Популаризиран е од Алфред Хчкок, кој го употребил да симулира чувство на вртоглавица во неговиот истоимен филм. Но веројатно најпознатата негова употреба доаѓа од Jaws (Челусти) од 1975, каде преку него се прикажува реакцијата на главниот лик кога прв пат гледа ајкула во напад.
Зумот се користи за да сугерира психолошка вознемиреност - чувство дека ѕидовите се затвораат и нема излез. Во филмот на Брајан Палма Body Double (Двојник), во кој главниот лик страда од клаустрофобија, тоа е и буквално она што се случува. Кога ефектот е обратен, тој може да симулира обратно чувство: дека подот ви паѓа под нозете.
Музиката на клипчето е темата на Бернард Херман од Вертиго, а во него на едно место собира примери од последниве пет децении. Како се постигнува доли зумот? Камерманот ја движи камерата нанапред (на пример поставена на фар - dolly, од каде доаѓа и името), истовремено и во исто темпо одзумирајќи, со што ликот стои во место а изгледа како сето останато околу него да се движи. Ова е стар ефект, но како што изгледа се уште е прилично популарен.
Извор: Слејт