Дрво човече, ракун што зборува, вонземјани од сите видови кошмари, неколку вонземски цивилизаци, неколку посебни светови и многу, многу, ама многу летачки борби и ќотек. Сето тоа скоцкано на компјутер.
Луѓето мислат дека компјутерските ефекти (CGI) се лоши и ги расипуваат филмовите бидејќи луѓето можат да ги забележат само лошите компјутерски ефекти, добрите минуваат глатко и незабележано, па никому не му доаѓа да ги пофали. Барем таква е теоријата во видеово.
Целата кривица паѓа на Питер Џексон и неговиот успех да ги крене компјутерските ефекти на сосема ново ниво. Од тогаш секое студио се бори да постигне што е можно поперфектни ефекти, и проблемот е што толку се добри што ова и им успева. На крај, баш оваа перфекција ги издава, и прави да не му веруваме на тоа што го гледаме.
Затоа што компјутерите (сега за сега) не можат да направат нешто од ништо, а тоа да изгледа барем приближно уверливо, се уште се потребни луѓе кои ќе ја смислат целата измама. Како изгледаа некои од најпознатите филмови додека се крчкаа.