Адела Блох-Бауер, припадничка на високите виенски кругови и своевремено убавица, била единствениот модел кој на Климт му позирал два пати. Нејзиниот портрет од 1907, која го означува крајот на неговата најпозната „златна" фаза, заедно со други негови слики, во текот на Втората светска војна бил одземен од нацистите. Нов филм во кој главната улога ја игра Хелен Мирен сега ја прикажува судската битка на внуката на Адела, која по Втората светска војна се обидува да го поврати уметничкото наследство на нејзиното семејство.
Марија Алтман (родена Марија Викторија Блох) била приврзана за нејзината вујна Адел, која заедно со сопругот, шеќерен магнат, поседувале салон преполн со уметнички дела. Меѓу нив и слики од најзначајните виенски уметници од нивното време, како на пример Климт, со кого Адел наводно имала и тајна врска.
Но по анексијата на Австрија Гестапо им го одзел сиот имот на најбогатите Евреи од Виена. На Марија ѝ го зел дури и венчалниот прстен и дијамантски ѓердани кои припаднале на жената на Геринг. На нејзиниот татко му го одзеле и виолончелото Страдивариус, коешто го добил од добриот пријател Ротшилд. Две недели по настанот таткото починал, „од скршено срце". Мажот на Марија завршил во Дахау, и останал таму сè додека неговиот брат не им го подарил нивниот семеен бизнис со кашмир на нацистите. Бегајќи од земјата, Марија и Фриц заминале во Холандија, па во Ливерпул ви во 1942 во Калифорнија, каде Марија (на сликата) отворила бутик на Беверли Хилс.
Сепак, таа никогаш не заборавила што им било одземено и по каква цена. Освен тоа, таа била и единствениот преостанат наследник на имотот на нејзините вујко и вујна, кој по војната припаднал на Австрија. Имено, Адела го замолила мажот ѝ да ги донира сликите од Климт на Австриската државна галерија, што и го сторил откако таа умрела од менингитис во 1925. Кога нацистите влегле во Австрија тој морал да избега во Швајцарија, каде починал во 1945. Во тестамент одредил дека неговите внуци ќе бидат наследници на она што останало од неговиот имот.
Така, Марија одлучува да почне долг судски процес против австриската држава кој завршил во 2006, со победа на семејството. Последниот ден кога златниот портрет на Адел бил закачен во палатата Белведере илјадници Австријци поминале за да ја видат за последен пат. Потоа е продадена за тогаш рекордни 73 милиони долари на козметичкиот могул и поранешен австриски амбасадор Рон Лаудер, за неговата галерија.
Трејлер за филмот, чија премиера се очекува во текот на 2015