Таг: климт

Жената зад златните фустани на Климт

Слика од Густав Климт се познава од далеку - портретите со златни фустани, инспирирани од Јапонки, еден од нив и инспирација за филмот „Жената во златно“. Денес делата му се продаваат за стотици милиони, особено оние со шарените, скоро психоделични принтови, но прашањето е - постоеле ли стварно? Ако да, кој ги создал?

Филм за „австриската Мона Лиза"

Хелен Мирен ја игра внуката на Адел Блох-Бауер, музата на Климт, во нов филм со наслов „Жената во злато". Тој е посветен на долгиот судски процес за враќање на одземениот портрет од страна на нацистите, кој траел повеќе од десет години, и кој открива интересни детали за судбината на австриските Евреи.